|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

“Не држи ја во раце, ќе ја разгалиш...”

Редакција Рингераја, 19.5.2016
Кели Диркс, мајка на неколку деца со посебни потреби, забележала дека луѓето во продавница ја гледаат чудно, бидејќи своето дете го носи во раце, наместо да го стави во количка

image
/11


 

Еднаш и се приближила непозната жена и ја предупредила  дека носејќи го детето во раце, може да го разгали. Еве што одговори Кели на својот профил на Фејсбук

Драга жено од маркетот,

Веќе сум слушнала  и порано дека на тој начин можам да го разгалам детето. Вие сте уверени дека заради тоа мојата малечка никогаш нема да биде независна и самостојна. Се насмеав на тоа, го бакнав детето и продолжив со купувањето.

Кога само би сте го знаеле она што го знам јас. Кога само би сте знаеле дека ова дете ги помина првите 10 месеци од животот само, а единствена утеха му бепше цицањето на палецот. Кога само би сте знаеле какво беше нејзиното лице кога нејзиниот старател ми ја предаде мене и кога за прв пат ја зедов во својата прегратка. Никој дотогаш не ја држел на тој начин и таа не знаеше зошто е тоа така.

Кога само би сте знаеле дека таа никогаш не плачеше во креветчето откако ќе се разбудеше, бидејќи никој дотогаш не одговарал на нејзиниот повик.

Кога само би сте знаеле дека анксиозноста беше стандарден дел од нејзиниот ден, со удирање на главата од оградата на креветчето, барајќи за себе мало внимание. Кога само би сте знаеле колку е бебето во оваа носилка независно и колку време поминавме обидувајќи се да го надјачаме нејзиниот дел од мозокот кој трауматизиран вришти.

Кога само би сте го знаеле она што јас го знам. Таа сега пушта глас кога ќе ја спуштам, а не кога ќе ја кревам. Наутро кога ќе се разбуди пее од своето креветче, бидејќи сега знае дека некој ќе реагира, ќе дојде и ќе и ја смени пелената.

Кога само би сте знаеле дека таа сега заспива во прегратката на мама и тато, наместо сама да се успива. Да го разгалам ова дете е најважната работа која некогаш сум ја имала, но и привилегија.  Ќе ја носам во раце долго, односно онолку долго колку што таа ќе ми дозволи, бидејќи сега знае дека на тоа место чувствува сигурност. Тоа е нејзиното место и таа го сака, напиша Кели.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

7 работи кои ве прават прекрасен родител
Скоро 90% од времето, мислите дека грешите и дека можете да бидете подобар родител од што сте. Но, има работи кои не ги ...
7
Како да го научите детето да чита?
Додека порано беше нормално дури во прво одделение детето да почне со читање и пишување, во последно време се повеќе род...
7
МЕНСА препорачува: пуштете ги децата да ск...
Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е...
5
Доцнење на говор кај децата
Во денешно време, повеќето од децата се подоцна прозборуваат.Загрижени родители бараат совети, помош, утеха насекаде.Но ...
4




Анкета

разгалувања
детенце

Дали премногу ги разгалувате вашите деца?

Да,секогаш. (50%)

Не (0%)

понекогаш. (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!