Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Немате што да облечете? Тешете се дека не сте единствените... а имате и оправдување... трудни сте!
Според стручните лица плодот покрај чувствителноста на звук и светлина го развил и сетилото за вкус и мирис. Што може да намириса и вкуси, за жал не знаеме. Но, ви препорачуваме да избегнувате ненадејни звуци и заедно со своето детенце да слушате музика која ве смирува или ви дава енергија.
Дали воопшто се сеќавате како ви беше пред да забремените? Гардеробата од тоа време стои во плакарот додека вие ги броите деновите и се прашувате ќе влезете ли повторно во своите омилени нетруднички панталони. Без грижа, доење, обврски околу новото семејство, а најмногу долгите прошетки ќе се погрижат вашите панталони повторно да ви бидат точни.
<
Повеќе
Плодот полека се подготвува на живот надвор од матката. Главата е веќе целосно пропорционална во однос на останатите делови. Мозокот веќе може да контролира примитивен начин на дишење, а веќе се грижи и за рамнотежата на телесната температура.
<
Повеќе
Во последните недели од бременоста не смеете да заборавите на физичката активност на идната мајка. Иако на неа нема да и биде до ништо друго, освен до барање соодветна положба во која ќе се чувствува пријатно пред телевизорот барем неколку минути, ваша задача е да ја помолите за шетање. Можеби брзо ќе ја убедите доколку ја поканите на сладолед, или уште подобро на чај или сок. Можеби повеќе и одговара вежбање во вода. Но доколку не сте знаеле во центрите за вежбање се организираат посебни вежби за трудници. Тие меѓусебно се разликуваат, па затоа распрашајте се кои би и одговарале најмногу на вашата трудница.
<
Повеќе
Со тато сместете се пред фотоапаратот и овековечете ги последните моменти кога сте сами двајцата. Подоцна тие фотографии во вас ќе будат носталгија, а и малото човече кое се криело во стомакот во тие моменти ќе биде воодушевено од нив.
забава Бремените
Автор: bobik
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...