Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Доенчето е центарот на Вашиот свет, но не заборавајте и на партнерот!
За доенчето најдобра храна е мајчиното млеко, кое во првите четири до шест месеци комплетно ги задоволува неговите потреби, освен за витамин Д кој треба да се додава, за да се спречи појава на рахитис. Во тек на секое поединечно хранење составот на млекото се менува, на почетокот е поводлесто за да може доенчето да ја угасне жедта, потоа е погусто и побогато со калории, кои ќе го заситат доенчето. Затоа е важно бебето да ја испразни дојката, затоа што со тоа се поттикнува создавање на млеко. Ако не успеавте да доите, или го изгубивте млекото, не грижете се! Вашето дете и покрај тоа ќе израсне во здрав и чудесен човек, како и многумина пред него!
Во четвртиот месец доенчето добива по 140 гр. неделно, на тежина (20 гр. дневно) и околу 2 cм. на должина.
Интерес за околината
Бебето сега веќе ги препознава мама и тато и веќе разликува познати од непознати личности. При погледот на родителите се насмевнува и со насмевка одговара на насмевка. При тоа воспоставува и визуелен контакт. За време на хранењето со голем интерес го гледа мајчиното лице и го проучува. Исто така додека се храни гледа во сите страни, затоа што во овој период почнува интензивно да се интересира за околината.
>>
Повеќе
Доење
На доенче старо 3 месеци му се потребни 6-8 оброци дневно (во 24 часа) Повеќето доенчиња ноќе се будат за хранење, а некои спијат и по шест часа без прекин.
>>
Повеќе
Ритам на спиење
Доенчето спие околу 10 часа ноќе и потребни му се уште 2-3 пати спиење преку ден. Повеќето доенчиња се будат за ноќен оброк 1-2 пати, а некои спијат и по 6 часа континуирано. Во овој месец ќе забележите дека Вашето дете воспоставило свој ритам на спиење и будност (дневното спиење е во отприлика исто време, секој ден, навечер има свој час на заспивање и час на будење). Кога е многу активно во време кога би требало да спие, размислете дали можеби не е премногу уморно, затоа што неговата невообичаена активност може да биде последица на замор. Многу уморните деца често тешко заспиваат и понемирно спијат.
>>
Повеќе
Вториот систематски преглед се врши на три месечна старост. Овој преглед е закажан на претходниот преглед. Опфаќа преглед на документацијата, разговор за состојбата на доенчето и за можните проблеми, како и детален преглед, мерење тежина, должина и обем на главата. Во овој месец доенчето добива полио (вакцина против детска парализа), ДиТеПер (вакцина против дифтерија, тетанус и голема кашлица) и Хиб (вакцина против hemofilus influence Тип Б), или коктел вакцина Pentaxim која ги содржи трите вакцини во една. Исто така во овој месец треба да се направи контролен ултразвучен преглед на колковите (првиот беше на 40 дена од раѓањето). Прочитајте го Календарот за вакцинација на Рингераја
Цел на систематските прегледи
>>
Повеќе
Многу родители се плашат дека премногу ќе го разгалат своето дете. Веројатно и Вие се грижите околу тоа, посебно ако забележувате дека бебето е мирно и задоволно додека е во Ваша прегратка, а кога ќе го ставите во креветче, почнува да плаче. Мислењето на повеќето стручњаци е дека не можете да го разгалите доенчето во првите шест месеци од животот. Напротив, ако не го пуштате да се исплаче, доенчето подоцна помалку ќе плаче и ќе порасне во независно дете со повеќе самодоверба. Така подобро ќе ги решите проблемите затоа што ќе се чувствува сигурно и сакано.
>>
Повеќе
Уживајте во дружбата со Вашето доенче и што повеќе време поминувајте во градината или во блискиот парк, ако не е премногу ладно или топло. Промената на околината позитивно ќе влијае на Вас и Вашето дете. Можеби ќе се одлучите за прошетка со количка, а доенчето може да го носите наоколу со кенгур. Ако го носите во раце брзо ќе се уморите, двете раце ќе ви бидат зафатени и ќе бидите помалку подвижни.
>>
Повеќе
Моторичкиот развој на доенчето се движи во правец од главата кон нозете. Прво ќе ги научи покретите со главата, а на крајот со нозете. Последно што учи е да прави фини покрети со прстите.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Шест волшебни игри на бебето во стомачето
Колку и да е тешко да се поверува, Вашата материца е доста сензорно иг...
Враќање на работа по породилното отсуство.
Admin
Со какви предизвици се соочувате кога се враќате на работа по породилното отсуство?