Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
До вчера беше бебе, кога ли толку порасна...?
Иако децата се веќе големи, сеуште им треба доста спиење за правилен развој. Колку ќе биде тоа зависи од детето, но задолжително секоја вечер треба да одат во кревет во исто време. Од прилика им треба од 9-10 часа ноќно спиење. Децата кои недоволно спијат заостануваат во растот, нервозни се, лошо расположени и не дружељубиви. Тие не се успешни толку во училиште, затоа што нивниот мозок не е доволно одморен па заради тоа можноста за помнење е намалена. Ако имате проблеми со спиењето на детето размислете дали Вашето дете доволно престојува на свеж воздух. Попладневната активност или долгата прошетка, понекогаш прават чуда.
Промени на телото
Доаѓа период кога детето веќе не расте толку брзо. Масните наслаги исчезнуваат, а нозете изгледаат подолги. На момчињата им се шират рамената, а на девојчињата колковите. Устата се полни со заби.
>>
Повеќе
Врсниците стануваат се поважни
Тешко е да се каже дали осумгодишно дете повеќе сака да игра со играчки, или да се дружи со пријателите, зависи од детето. Некои деца на оваа возраст сеуште сакаат да си играат со количина, девојчињата сеуште си играат со кукли што не е ништо чудно во развојот на детето. Тоа зависи од темпераментот на детето, динамичниот однос во фамилијата, од тоа дали на детето му се посветува доволно внимание и сл. Ако детето има доволно внимание, повеќе ќе се посвети на семејните активности, во спротивно ќе се повлече во фантастичниот свет на играчките, компјутерот, телевизорот .
>>
Повеќе
Децата нека имаат во својата исхрана доволно масти затоа што тие се клучни за нормален раст и развој. Денес многу родители се плашат од дебелина, па затоа на децата им ги ограничуваат мастите во исхраната. Некои истражувања покажуваат дека мастите треба да бидат третина од сите калории. Но внимателно! Нека не бидат заситените масти од пржените компирчиња, колачите или мрсното месо. Мастите треба да бидамтквалитетни и здрави, тоа се масти од риба, лешници бадеми, семки од тиква и ореви. Треба да знаете дека многу витамини, на пример витаминот А кои единствено се разградуваат во мастите, значи дека телото ги апсорбира единствено во комбинација со масти.
Едно мени за цело семејство
>>
Повеќе
Болки при растење
Во парните претшколски години се јавуваат т.н. болки при растење. Причината за нив е непозната, се претпоставува дека причина за нив се коскената срцевина, мускулите и лигаментите. Се појавуваат во фаза на забрзан раст на детето, посебно кај поживите и понемирни деца. Детето чувствува јаки, тапи болки во потколениците и листовите, навечер кога се обидува да заспие, или во текот на спиењето.
>>
Повеќе
Моторички развој
Моториката на осумгодишно дете е слична како на седумгодишно но на сите подрачја тие напредуваат бидејќи се физички поразвиени. Што повеќе активно време поминувате со нив толку подобар ќе биди нивниот физички развој. Досега не постоеја поголеми разлики меѓу половите, но сега почнуваат да се забележуваат заради промените во физичкиот развој. Девојчињата се повеќе одушевени од активностите во кои доаѓа до израз нивната подвижност, смислата за ритам и музика и естетското движење. Заради тоа се запишуваат на балет, ритмичка гимнастика, пливање, се повеќе се насочуваат на естетски спортови, а исто така сакаат да се дружат со животни. Тоа пред се е јавање. Исто така се вклучуваат во игри со топка, скијање, боречки спортови, планинарење и сл.
>>
Повеќе
Развод на родителите
За детето разводот на родителите (освен смртта) е најтрагичниот настан во цел живот, затоа што целокупниот живот се променува. Разводот не е еднократен проблем, туку проблем кој трае и трае. Почнува со кавги и негативно расположение дома, продолжува со развод, можни кавги меѓу родителите и после разводот, често и конфликти околу старателството. Да не ја споменуваме и преселбата која следи по разводот и подоцнежното прилагодување на новите брачни партнери, полубраќа и полусестри...Во секој случај разводот е процес при кој тагата е измешана со лутина и страв.
>>
Повеќе
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Пушењето за време на бременоста.
пеперутка16
Би сакал да ги знам искуствата на ПУШАЧИТЕ во врска со оваа тема, дали сеуште пушат, бидејќи знам дека непушачите реагираат многу остро и не ја разбираат желбата за таа празна пура.