Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Децата нека имаат во својата исхрана доволно масти затоа што тие се клучни за нормален раст и развој. Денес многу родители се плашат од дебелина, па затоа на децата им ги ограничуваат мастите во исхраната. Некои истражувања покажуваат дека мастите треба да бидат третина од сите калории. Но внимателно! Нека не бидат заситените масти од пржените компирчиња, колачите или мрсното месо. Мастите треба да бидамтквалитетни и здрави, тоа се масти од риба, лешници бадеми, семки од тиква и ореви. Треба да знаете дека многу витамини, на пример витаминот А кои единствено се разградуваат во мастите, значи дека телото ги апсорбира единствено во комбинација со масти.
Едно мени за цело семејство
Родителите се одговорни што, кога и како, па и која храна ќе му ја понудат на детето. Децата најмногу сакаат продукти богати со скроб (компир, ориз, тестенини и леб), а помалку месо и зеленчук. Немојте да го принудувате детето да јаде храна која не ја сака, но и немојте премногу да му дозволувате. Менито нека биде исто за цело семејство.
Во овој период детето е спремно да пробува нови работи. Понудете му нови продукти и притоа поттикнете го. Попребирливи се децата кои имале премалку можности за вкусување на различна храна, или нивните родители ги хранеле сосила. Дајте му на детето прилика да учи. Не грижете се ако ја остави храната во чинијата. Детето треба да престане да јаде кога е сито и повторно да јаде кога е гладно. Храната на детето треба да му нуди задоволство, пријатно чувство и сигурност, но исто така е нужна за негов раст и развој. Семејните оброци без кавги и лошо расположение се ритуали кои на детето многу му значат и му даваат одлична можност за учење на здравите навики на хранење.
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 7 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Дали палавштините се знак на здрав развој?
Кога детето почнува да трча, да истражува, да поставува безброј прашањ...
Кога овулирате? Откријте ги вашите најплодни денови
Доколку планирате бременост, познавањето на времето кога овулирате мож...
Дали обилните менструации се знак за плодност?
Многу жени веруваат дека обилната менструација е показател за добра пл...
Кога на жените им се потребни лекови за плодност?
Лековите за плодност можат да им помогнат на одредени жени кои имаат п...
Гадење и повраќање за време на бременоста
Гадењето и повраќањето се меѓу најчестите симптоми во раната бременост...