Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Дајте му на доенчето многу љубов и внимание. Не грижете се, нема да го разгалите!
Насмевката на Вашето дете не е веќе “беззабна”! Ако устата ја краси некое ново запче, веднаш почнете да го чистите. Чистењето на забите нека биде низ игра! Така доенчето ќе научи дека тоа е важна секојдневна активност. При изборот на четкичка за заби прочитајте ги упатствата на произведувачот, а кај првите заби може да си помогнете користејќи газичка намотана на Вашиот прст.
Во шестиот месец доенчето добива на тежина по околу 140 гр. неделно (20 гр. дневно) и ќе порасне околу 2 cm во должина. Кога ќе наполни пола година долго е околу 68,5 cm и тешко отприлика 7,5 кгр. Имајте во предвид дека се тоа просечни вредности и дека се можни отстапувања.
Развој на моториката и движењата
Повеќето доенчиња во шестиот месец го совладале завртувањето од стомак на грб, а некои веќе се вртат во двата правци. Кога доенчето лежи на грб ја подигнува главата во обид да се дигне во седечка положба. Ако го повлечете за рачињата во седечка положба, главата ќе ја подигне нанапред, кон градниот кош, а рацете и нозете ќе ги згрчи. При седење му треба потпора и затоа е најдобро да седи во прегратката на возрасните. При крајот на шестиот месец бебињата имаат доволно сила за да можат самостојно да седат пократко време.
>>
Повеќе
На доенчето во петтиот месец му се потребни 5-6 оброци дневно. Повеќето доенчиња ноќе спијат и до 6 часа во континуитет, а многу од нив се разбудуваат 2-3 пати за хранење. Што се однесува до зачестеноста на доењето најдобро е да му ја понудите дојката секогаш кога ќе плаче или ќе покажува други знаци на глад.
>>
Повеќе
Воведување на дохрана
Со воведување на мешана исхрана најдобро е да се започне по 6. месец, бидејќи со тоа се намалува можноста за алергии. Способноста за мешана храна на доенчето се покажува и со способноста за седење (со придржување). Нормално, при воведување на цврста храна продолжуваме со доење или хранење со шишенце.
>>
Повеќе
Варење на храната при воведување на цврста исхрана
Со воведувањето на мешовита исхрана се менува и столицата на доенчето. Бојата, мирисот и изгледот зависат од храната што ќе ја изеде. Во столицата често ќе забележите и делови од несварена храна, но не треба да се грижите (детскиот систем за варење не е во потполност зрел и способен да ги свари сите состојки). По овошните каши столицата може да биде кашеста, а после зеленчук е обликувана, а посебно после месо има јак мирис. По внесувањето на тврда исхрана повеќето доенчиња имаат столица еднаш дневно, а повремено може да се појави и опстипација (затвор).
>>
Повеќе
Колку сон е потребно?
Во периодот од 5. и 6. месец повеќето доенчиња спијат по 5-6 часа без прекин. Ако Вашето дете не е меѓу нив можеме да ве утешиме дека не сте единствени, затоа што многу доенчиња (пред се доени) се будат 1-2 пати ноќе за доење. Доенчето ноќе спие околу 10 часа и потребни му се уште околу 2-3 пати по два часа дневно спиење.
>>
Повеќе
Омилени игри
Гласна смеа кај доенчето може да предизвикате со нежно скокоткање или дување во стомачето. Можете да си играте и “Буба буба - ѕе”. При повторување на игрите доенчето ќе знае што може да очекува и затоа ќе ужива уште повеќе.
>>
Повеќе
Бебе од половина година разликува различен нагласок, тоналитет и странски јазици, подобро од возрасните.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Водич за спиење на бебиња | Што да очекувате?
Спиењето на бебето може да биде предизвик за новите родители. Додадете...
Зелена или кафена плодова вода!? Што значи тоа?
Не паничете! Ако вашата плодова вода ја променила бојата, лекарите се ...
Грижата за забите започнете ја уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Врската меѓу оралното здравје и функцијата на мозокот
Сите знаеме дека секојдневното четкање и употребата на конец може да с...
Дали да се депилирате (или не), пред породување?!
Ќе боли ли како пекол? И уште поважно, дали е безбедно? Слушнавме дека...
Големината на градите по доењето.
пеперутка16
Дали вашите гради останале исти по доењето или се помали/поголеми од пред бременоста и доењето?