Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Воведување на дохрана
Со воведување на мешана исхрана најдобро е да се започне по 6. месец, бидејќи со тоа се намалува можноста за алергии. Способноста за мешана храна на доенчето се покажува и со способноста за седење (со придржување). Нормално, при воведување на цврста храна продолжуваме со доење или хранење со шишенце.
Препорачливо е воведување на состојки во мали количини, за секоја состојка е потребно растојание од 3-4 дена. Во исхраната додадете по една нова состојка или промешајте ја со веќе испробаната за да знаете што ја предизвикало можната алергиска реакција. Во првата година е ограничено внесувањето на сол и шеќер.
Соодветна цврста (густа) храна
За почеток најпримерено е овошјето и зеленчукот. Повеќето родители на децата прво им нудат овошен сок, а потоа и овошна каша. Најпримерено овошје за почеток се јаболка, круши и банани, подоцна менито го збогатуваме со праски, кајсии, сливи, диња... На почетокот избегнувајте зрнесто и цитрусно овошје. Препорачливо е на детето да му понудите овошје претпладне, затоа што може да му предизвика стомачни грчеви и пролив.
За почеток адекватен зеленчук се морковот и компирот, а наскоро ќе можете да му дадете и тиквички, брокула, карфиол, грав и останат зеленчук.
Најадекватна состојка за почеток на исхраната се житариците. Внимавајте на детето да не му понудите храна која содржи пченица, јачмен или ‘рж(житарици кои содржат глутен), пред да наполни 6. месеци затоа што ја зголемувате можноста Вашето дете да заболи од целијакија. Меѓу 4. и 6. месец на детето можете да му понудите ориз или пченка. Житно-млечните каши се добра замена за млечен оброк.
Месото го воведуваме по наполнети 6. месеци од животот, откако во исхраната сме вовеле овошје и зеленчук. Одбираме квалитетно немасно месо од млади животни. За почеток најпримерено е пилешкото месо. Со воведување на риба во исхраната е најдобро да се почека до 9. месец и тогаш за почеток одберете бела риба.
По наполнети шест месеци на доенчето може да му понудите тврдо варена жолчка (меко варено јајце дури по првата година), белка не се воведува до првата година, заради можност од појава на алергија.
Пред наполнета прва година на детето НЕ смееме да му даваме обично кравјо млеко, белка од јајце, мед, свинско месо, ореви, лешници, кикирики, чоколадо, печурки...
Кравјо млеко
Неприлагоденото кравјо млеко не е адекватна храна за доенчиња, затоа што по содржината многу се разликува од мајчиното млеко. Содржи повеќе протеини и минерали, а помалку шеќер и има поинаков состав на мастите. Освен тоа кравјото млеко е полно со бактерии. Пиејќи кравјо млеко детето добива преголема количина на протеини и минерали (соли) кои мора да ги излачи. Тоа претставува преголем напор за неговите сеуште незрели бубрези. Кравјото млеко во млечните формули со многубројни постапки се прилагодува на потребите на детето.
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Претходен период: Возраст 4 месеци
Следен период: Возраст 6 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
11 Вистински знаци на породување
Бременоста е период исполнет со очекувања, подготовки за новиот член, ...
Што значи да си „функционално“ семејство денес?
Во свет полн со брзо живеење, стрес и постојани промени, поимот „функц...
Можеби вашиот малечок тропка со лажици по масата или наоѓа ритам во сe...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?