|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

МЕНСА препорачува: пуштете ги децата да скокаат!

Редакција Рингераја, 13.11.2012
Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е драго, да скокаат по креветот додека не им здосади. Ако им ги забраните овие игри, им го забавувате развојот на мозокот

/11


 

 

Предавањето на овој доктор специјалист од Нови Сад, инаку татко на четири деца, во само две седмици е прегледано повеќе од 100,000 пати на Youtube.  Главна порака е дека родителите со вистински пристап можат да придонесат за развојот на степенот на интелегенција, креативното и продуктивното мислење кај своите деца и тоа во периодот во кој развојот на мозокот е најдинамичен  – до седмата година од животот.

 

- Научно е докажано дека генетскиот потенцијал на  IQ зависи од вкупниот број на врски (синапси) меѓу невроните. Истражувањата покажуваат дека интелектуалните способности зависат од бројот на синапси во мозокот, кои се формираат во зависност од разни стимулации. Според мислењето на некои автори, до петтата година  се формираат 50%, до седмата 75% и до дванаесеттата година до 95% од вкупниот број на синапси.

 

Говорејќи на темата “Кои игри го  забавуваат или оштетуваат развојот на децата, а за тоа не сме свесни” изнесен е еден прилично застрашувачки податок, а тоа е дека денес секое второ дете има некакво развојно пореметување, односно когнитивни пречки.

 

- При тестирањето на повеќе од 2,000 деца дојдовме до заклучок дека секое второ дете има некакви развојни пречки, односно не може да изведе едноставни тестови, кои покажуваат дека постои мал број на синапси во некои делови од нивниот мозок. Имено, мозокот бара стимулација за да се развие, а во денешниот начин на живот на децата, кој вклучува долготрајно седење пред компјутер или телевизор, не може да ја добие. Нашите истражувања покажаа дека повеќе од 50% од децата имаат слабо развиена фина моторика, дека околу 40% од нив имаат забавена акомодација на окото....Намалените способности предупредуваат за намален број на синапси во некои делови од мозокот.

 

На кој начин родителите учествуваат во тоа оштетување, или подобро речено, недоволно развивање на мозокот на своите деца?

- Пред се', допуштањето на активности кои не се во склад со еволуцијата и биологијата, посебно во првата година од животот, може да доведат до развојни пореметувања. Она што е загрижувачко е тоа што новите истражувања покажуваат дека деца со намалени аеробни активности (одење, трчање, пливање...) имаат промени и во подлабоките структури на мозокот. Каде ќе не одведе тоа никој не знае; ќе се навикнат ли децата на новите услови на живот, или пак за 10-20 години ќе се прашуваме зошто не сме реагирале навреме... Затоа во МЕНСА целата програма ја нарековме “IQ на детето – грижа на родителот”.

 

Какви се опасностите од сегашниот начин на живот на развојот на мозокот на децата?

- Ако мозокот не добива импулси на развој, кој траел со милиони години, прашање е дали без тие вистински импулси ќе знае да ја “заврши својата работа”, така како што е генетски предвидено. Или можеби ќе направи некакви пропусти....Денес знаеме дека генетиката е важна, но ако мозокот нема добро стимулативно опкружување, ќе се појави оштетување кое потоа не може да се поправи. Треба да се знае дека клучна работа, освен генетиката е стимулацијата, односно работа на детето и избегнување на штетните активности. Една од тие штетни активности е секако мирувањето, посебно во периодот до петтата година од животот, а знаеме дека и така малите деца поминуваат премногу часови играјќи видео игри, или гледајќи телевизија. Човекот е физиолошки создаден за да се движи, така што многу е важно детето што повеќе да биде во движење, бидејќи само на тој начин развојот на мозокот ќе биде во склад со физиологијата.

 

Што можеме да направиме во периодот од третата до шестата година? Заради помош на родителите и воспитувачите , го развивте т.н. NTC состав на учење

Постојат три фази на таа програма: развој на мозокот, учење и развој на функционално размислување. Еве неколку сугестии како родителите можат позитивно да влијаат на развојотг на мозокот – детето кое сака да се врти, треба да се остави да се врти така што само ќе избере колку време ќе помине во споменатата активност. Исто така, ако сака да скока од фотелја на кауч, треба да се остави да го прави тоа, а притоа ние како родители треба да му обезбедиме сигурно опкружување. NTC програмата се спроведува во вкупно 12 држави и реакциите се одлични – децата брзо напредуваат што се забележува кога ќе тргнат во училиште. Училишните психолози не информираат дека децата кои работеле по NTC програмата се издвојуваат по способностите, заклучувањето, размислувањето...

 

Постојат ли можеби податоци за бројот на надарен деца во подрачјето на бивша Југославија?

Секоја држава има околу 2% потенцијално надарени деца, но не сите од нив ќе ја раазвијат својата надареност, така што реално надарени има околу 0,3 % во популацијата. Тие деца мораме да ги сочуваме, што не е само грижа на родителите туку и на градинките, училиштата и целиот образовен состав. Тоа секако е многу полесно да се каже отколку да се направи, но МЕНСА постојано се обидува. Имено зачетокот е во тоа низ игра  да ги отстраниме развојните пречки кои го отежнуваат процесот на учење, за нивните подоцнежни постигнувања да бидат во склад со нивниот биолошки потенцијал.

 

Извор: SlobodnaDalmacija.hr

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Инхалација или сируп?
Дилема на секој родител кога детето има воспаление на дишните патишта: дали е поефикасно детето да се инхалира или довол...
5
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4