Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Кога последен пат имавте време за себе?
Довербата во родителите е најважниот темел на емоционален и социјален развој на секое дете. Без доверба, детето не може да се чувствува сигурно и сакано. За развој на квалитетен однос и доверба треба да се трудите уште од раѓањето на бебето. Тоа можете да го постигнете со задоволување на неговите основни потреби. Ако родителите се огласуваат на детскиот плач, го хранат и негуваат, доенчето се чувствува сигурно и сакано. На тој начин почнува да им верува на родителите. Доенчето не се раѓа со чувство за љубов, затоа што при раѓањето не е свесно дека е одвоено од мајката. Со тек на време ќе се научи да ги сака родителите со одлучна и неограничена љубов, која не може да се спореди со ниедна друга љубов.
Во седмиот месец од животот доенчето добива по 140 гр. неделно во тежина, а во должина околу 2 cm. Здраво доенче ја дуплира родилната тежина во првите шест месеци, а кога ќе наполни една година може дури да ја зголеми троструко.
Колку сум вешто!
Кога доенчето лежи на стомак толку е вешто што може да се заврти и да погледне наназад. Некои можат во таа положба да посегнат по играчката. Тоа го прават потпирајќи се на другата рака. Можат да се вртат и во двата правци.
>>
Повеќе
Доење
Бебињата кои имаат шест месеци, при мешана исхрана, потребни им се барем уште два млечни оброци дневно (ако нивната исхрана е уште само млеко, им требаат 5-6 млечни оброци) Повеќето доенчиња ноќе спијат вкупно 6 часа, а со отприлика 6 месеци се способни да преспијат подолг интервал, без потреба за храна. Но некои се будат по 1-2 пати за хранење.
>>
Повеќе
Систематски преглед и вакцинација
Во овој месец ќе биде третиот систематски преглед на детето, кој ќе ви биде закажан на претходниот преглед. Покрај прегледот и советувањата, на кои веќе се навикнавте, ќе направите и преглед на крвта и урината. По прегледот доенчето ќе прими трета доза на вакцина за жолтица Тип Б. Во истиот месец доенчето прима трета доза од вакцината против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и ХИБ тип Б. Во Македонија е задолжителна вакцинација против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и ХИБ тип Б, вакцинација против мали сипаници и заушки и рубеола, против жолтица тип Б и туберкулоза. Погледајте го Календарот за вакцинација на Рингераја
>>
Повеќе
Колку сон е потребно?
Шестмесечно бебе спие околу 10 часа ноќе и потребни му се 2-3 двочасовни дремки во текот на денот. Повеќето доенчиња спијат 5-6 часа, но многу од нив се будат 1-2 пати ноќе за хранење. Некои ја преспиваат цела ноќ без будење, а некои тој ритам го воспоставуваат по првата година.
>>
Повеќе
Важно е татковците да одвојат доволно време за своите деца. Татковците се обично повеќе темпераментни, малку погруби од мајката и навикнати на брзо темпо, тие со тоа му покажуваат на доенчето малку поразличен начин на љубов и внимание. Дури во шестиот месец кај доенчињата се одразува важноста на татковата љубов. На доенчињата на кои што татковците им посветуваат многу време и се занимаваат со нив, тие се многу посреќни, поживи ,а при тоа и повеќе се смеат. Ако ја ставите работата пред детето на Вашата листа на приоритет, ќе изгубите и Вие и Вашето дете.
>>
Повеќе
Игрите и дружењето со детето нека бидат наменети за забава, а не обид за забрзување на развојот на доенчето. Знајте дека секое дете е индивидуа и дека децата никогаш не се развиваат потполно еднакво. Кај некое е побрз моторичкиот развој, а кај други развој на говорот и други социјални вештини.
>>
Повеќе
Чести предизвикувачи на алергии кај децата се кравјо млеко, соја (децата кои се алергични на кравјо млеко, често се алергични и на соја), јајца, кикирики, ореви, лешници, јаготки, чоколада, риба и останати морски плодови.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Не се сите жени филмски ѕвезди да можат да живеат со чили пиперки и во...
Вратете се на училиште со вкусна ужинка во џебот!
Летниот распуст заврши, а враќањето на училиште со себе носи нови аван...
Вратете се на училиште со вкусна ужинка во џебот!
Летниот распуст заврши, а враќањето на училиште со себе носи нови аван...
Поддржуваме мали бизниси: Candle world
Денес разговараме со Дијана, креатор на Инстаграм профилот Candle worl...
Правила и услови за учество во наградната игра Натусана
Учествувајте во извлекувањето на наградите и освојте еден од трите пак...
Додека бебето спие.
пеперутка16
Вие сте сами дома, а бебето спие. Што правите најчесто?