|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Повеќето од мајките додека дојат барем еднаш имаат проблем со болно доење. Ретки се оние кои никогаш не осетиле барем една од маките кое доењето ги носи со себе. Како да препознаете за што станува збор и сами да си помогнете?

image
/11


1. Преполнети гради 

Обично се јавува 3 до 5 дена по породувањето, кога на мајките наеднаш им доаѓа млекото. Градите се набрекнати, тврди, топли па дури и болни. Ауреолата се зголемува, градата е тврда, па детето има проблеми со правилно прифаќање на брадавицата или дури и неможност да цица.


Што да направите?

Туширајте ги градите со онолку топла вода, колку што можете да издржите, ставајте топли облоги за да омекне градата. Пред наредното доење, обидете се да измолзете малку млеко, за детето да може полесно да ја фати брадавицата. Помеѓу две доења ставајте ладни облоги кои ќе помогнат отоците да спласнат. Полните гради кои се јавуваат на почетокот се губат по неколку дена, кога хормоните повторно се враќаат во рамнотежа.


2. Оштетени брадавици  – рагади 

Во повеќето случаи се јавуваат кога детето неправилно ја прифаќа брадавицата при цицањето. Правилна положба на доење е кога детето освен брадавицата, прифаќа и дел од ауреолата, така да брадавицата е длабоко во устата на детето. Доколку детето е во неправилна положба и не ја држи добро брадавицата доаѓа до оштетување на нејзиното ткиво и таа пука. Брадавицата е болна, црвена, можат да се појават траги на крв, а доењето боли. За почеток истиснете малку млеко и премачкајте ја болната брадавица, што повеќе држете ја надвор, променете ја положбата на доење и помогнете му на детето правилно да ја прифати брадавицата. Пред самото доење ублажете ја болката, така што брадавицата истријте ја со коцка лед, која ќе го здрви ткивото на брадавицата. Денес на пазарот постојат најразлични креми за третирање на болни брадавици, кои ќе ви помогнат болките побрзо да поминат, а раната да зарасне.


3. Затворени млечни канали 

Понекогаш може да дојде до затворање на млечните канали низ кои поминува млекото од млечните жлезди до брадавиците. На местото каде е затворен каналот градата е болна и црвена.


Како да си помогнете?

Најдобро ќе ви помогне вашето дете, поставете го правилно на градата и што почесто нека цица. Додека е детето на града, полека масирајте го болното место. Меѓу доењата ставајте на градите топли облоги и полека масирајте од болното место кон брадавиците.

 

4. Мастититис и Апсцес

Доколку млечниот канал остане и понатаму затворен, ќе дојде до воспаление. Симптомите на маститис се слични како симптомите на грип, освен што градата е болна, црвена и отокот е поголем. Во овој случај, треба да се јавите на доктор од кој најверојатно ќе добиете антибиотик, за да се смири воспалението. Масирајте ги градите и ставајте топли облоги.

 

Доколку маститисот не се лекува, доаѓа до инфекција и во градата се создава гнојна вреќичка. Се работи за апсцес кој се решава со хируршки зафат. Градата се засекува на местото каде е гнојната вреќичка и се чисти гнојот.

 


5. Запчиња
Иако ретко, сепак се случува, кога ќе ги добијат првите забчиња, бебињата да ја гризат мајката додека цицаат. Самото гризење може да биде навистина болно, а може да ја повреди и брадавицата. Бебињата најчесто гризат кога веќе не се гладни или нешто друго им го одзема вниманието.


Како да реагирате? 
Кога вашето бебе ќе ве гризне, дајте му јасно до знаење дека тоа боли и не смее да се повтори пак. Пред крај на доењето, привлечете му го вниманието со мимики на вашето лице или понудете му ја омилената играчка. Никогаш немојте наеднаш да ја влечете брадавицата од устата на детето, туку полека пикнете прст во неговата уста и раздвојте ги забите. Раните на брадавиците третирајте ги како повредени брадавици.

Без разлика колку доењето понекогаш може да биде болно и да создава тешкотии на мајката, не отстапувајте од доењето! Мајчиното млеко секогаш е најдобар избор за вашето бебе и за вас.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
3
Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
3
Што е неопходно да имате по породувањето?
Олеснителни околности за мајките после породувањето
2




Анкета

Koe ime e poubavo?
nadbet

Koe ime e poubavo?

Tedi (10%)

David (53%)

Jakov (36%)


Број на сите гласови: 246

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!