Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Што имаат заедничко трудница и средношколка? Полудени хормони.
Во овој период кај некои трудници се јавува таканаречената linea negra, темна вертикална линија која се протега од врвот на стомакот до срамната коска. Настанува како резултат на зголеменото дејство на естрогенот врз меланоцитите, клетки кои го произведуваат кожниот пигмент – меланин. Темната линија по породувањето се губи. Некои трудници приметуваат дека и жилите на градите стануваат се поизразени и брадавиците потемни. Сето тоа е дел од подготовката на градите за доење.
Бременоста напредува со неверојатна брзина! Матката расте и сега е голема како грејпфрут. А кога сме веќе кај грејпфрутот, дали денес јадевте некоја витаминска ужина? Не заборавајте дека здравата исхрана се уште е на прво место!
<
Повеќе
Исто како и бременоста и плодот неверојатно брзо напредува и се развива. Сега е голем дури 12,5 см. Плодот и понатаму мочка, а одвреме навреме вежба и дишење така што голта плодова вода, го поместува градниот кош, а со тоа и белите дробови кои во овој период се во фаза на најголемо развивање.
<
Повеќе
Дали ве интересира како изгледа вашето дете во матката? Пред некое време е објавена книга на Стјуарт Кембел со наслов »Погледни како растам!«. Во неа е прикажан тродимензионално развојот на плодот по недели на бременоста. Многу интересна книга! Можете дури и да ја подарите.
Повеќе
Поканете го семејството на ручек и наздравете за бременоста. Не заборавајте на фотоапаратот, а фотографиите ставете ги во својот дневник на бременоста. Можете да ни ги испратите на info@ringeraja.mk или да ги објавите во алумите на Рингераја.
забава Бремените
Автор: bobik
Она што го јадеме не влијае само на нашето физичко здравје, туку и на ...
Како да ја поминете бременоста кога имате и мало дете?
Бременоста додека се грижите за активно мало дете може да биде прекрас...
Лактоза или глутен. Што ви создава проблеми?
Доколку често чувствувате подуеност, болки во стомакот или дигестивни ...
Мали моменти на среќа во промената наречена бременост
Бременоста често се опишува како еден од најубавите периоди во животот...
Како да знаете дали имате овулација?
Овулацијата е клучен дел од менструалниот циклус и претставува период ...