namesp во 10:12
Дете и телевизија
Редакција Рингераја, 4.5.2010Живееме во третиот милениум, во време на медиуми, кои секој ден ги има се повеќе. На детското однесување, покрај родителите и пошироката фамилија, исто така значајно влијае сеуште најпопуларниот медиум: телевизијата. Знаете веќе: Телетабиси, Симпсонови и слични работи. Најверојатно и вашите деца се воодушевувале гледајќи некоја од хумористичните серии или сапуници, кои не се наменети за деца.
Разбирливо е дека секое дете сака да гледа телевизија, но токму родителите се тие кои може да го надгледуваат и до некоја мера да го ограничат неговото однесување. Да видиме како телевизијата може да влијае на дете на претшколска возраст. Можеби некогаш сте го надгледувале вашето дете кога погледот му бил „прилепен“ за екран. Изгледало како тогаш да е во некој друг свет: зјапа во екранот, внимателно следејќи ги случувањата на него, не обрнувајќи внимание на околината. Ако тогаш се обидеме да го привлечеме неговото внимание, можеме да наидеме на многу бурна реакција, дури и плачење.
Мислењата на психолозите се дека гледањето телевизија за дете на претшколска возраст е физички многу напорна активност. Тогаш му се напнати сите мускули, забрзана му е работата на срцето, а телото му е пасивно. Вбројани се и сите телесни и умствени процеси кои доведуваат до некаков стрес, вознемиреност, што за детето е посебно напорно. Секако се работи за многу интензивно доживување, кое дете на претшколска возраст може да го поднесе само во мал обем.
Покрај физичкото влијание на развојот на детето, не смееме да го занемариме ни влијанието на телевизијата на психичкиот развој. Кога детето ќе наполни три, четири години, веќе е способно многу добро да ги надгледува возрасните околу себе и да го имитира нивното однесување. Од тоа можеме да заклучиме дека е исто така способно да се поистоветува со TВ јунаците, посебно со оние популарните и исто така да го имитира нивното однесување. Тоа што детето го гледа на телевизија може да му биде пример - на пр. гледање на емисии со насилна содржина, може да предизвика насилно однесување на детето, иако сеуште не разбира зошто. Исто така емисија со ненасилна, пријатна тема, влијае на неговото однесување - во тој случај во позитивна смисла.
А што е со рекламите?
Најверојатно секој би се сложил со мислењето дека денеска апсолутно има премногу реклами.... Децата се идеална целна група на маркетинг агенциите, посебно оние кои рекламираат играчки, или слатки, затоа што со рекламата најлесно „продира“ во детската психа и создава желба за некој производ. Со последиците од таквите реклами најверојатно веќе сте се сретнале.
Се разбира, тука се и секакви „ТВ бум-ови“, серии кои помеѓу децата наидуваат на многу добра реакција и некое време се вистински хит. Во градинките пред некое време Телетабиси беа вистински бум. Децата ги обожуваа, разговараа за нив, за време на маскембали се облекуваа во такви костуми... Телевизијата има на некој начин и социјална улога во развојот на детето. Денешното дете мора да знае кои се Телетабиси, мора да ги знае моменталните телевизиски трендови, во спротивно може да му се случи другите деца да го игнорираат.
Затоа гледањето на телевизија не можете да го забраните, но можете, односно морате, да го ограничите. Никогаш не употребувајте ја телевизијата како „автоматска воспитувачка“, без разлика колку сте зафатени, затоа што на тој начин можете да му наштетите на своето дете во развојот. Пробајте да одредите точно време кое дневно ќе го намените за гледање на телевизија и проверувајте ја содржината на емисиите кои ќе ги гледа вашето дете. Најдобро од се е некои од тие емисии да ги погледнете заедно со вашето дете. Тогаш можете да гледате и емисии кои инаку не се наменети за деца и може да содржат и малку насилство (добар пример се акциони филмови), но битно е да знаете таквите работи на детето да му ги интерпретирате на соодветен начин.
На детето не можете да му ги затворате очите пред насилство, затоа што со него ќе се сретне порано или подоцна, но можете да му објасните за што всушност се работи кога станува збор за насилство, како може животот без насилства да биде поубав и на крај, како да се заштити од него. Тука телевизијата може дури и да ви помогне.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?

При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...

Често добивам прашање дали ти беше и ти е тешко да бидеш мајка, асоцирајќи на моите години. Ќе кажам да, тешко е. Но тук...
