|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Болна исповед: Родив мртвороденче

Марина Кљајиќ Петковски, 23.1.2021
Прекрасен инстаграм профил кој привлекува внимание е @kidslovetraveling. Пред неколку денови на нејзиниот профил напиша „Денес ќе споделам со вас нешто многу болно од моето минато. Никогаш претходно не сум зборувала дека родив мртвороденче...

image
/11


 

Иако самиот негов концепт, двете преслатки дечиња, прекрасните фотографии од многу локации низ светот кои ги посетиле се она што го задржува вниманието врз истиот, од неодамна, со една интимна исповед споделена на нејзиното story, Весна Петрова, професор од Скопје и мајката која го води профилот, допре до срцата на бројните следачи.

На наше огромно задоволство, Весна отворено и искрено ни даде одговор на некои од најболните прашања, кои една мајка може да ги добие. 

Рингераја: За почеток, мајка сте на две прекрасни деца. 

Весна: "Да, имам две дечиња, ќерка 7 години и син 4 години." 

Рингераја: Пред неколку денови на вашето инстаграм story напишавте „Денес ќе споделам со вас нешто многу болно од моето минато. Никогаш претходно не сум зборувала дека родив мртвороденче". 
Потребна е храброст за гласно да се зборува за ова искуство... 
Станува збор за првата бременост? 

Весна:" Да, загубата беше во првата бременост. Тоа беше бременост со уреден тек и не навестуваше дека може да се претвори во едно толку трауматично искуство. Првиот симптом, кој го забележав на рутински преглед беше во 32-рата недела, кога ми беше измерен крвен притисок од 135 со 85. Јас веднаш се посомневав дека тоа укажува на некој можен проблем, имајќи предвид дека секогаш имам низок крвен притисок. Докторката ме уверуваше дека “Не е тоа ништо”, дека “Има трудници кои со 200 притисок одат на породување” и дека “Се е во ред”.
Во следните недели притисокот беше околу тие вредности, почнуваа да се појавуваат и благи отоци на нозете, рацете, лицето (кои за последното тромесечје од бременоста и не се непозната појава), за да во 36-та недела притисокот скокне на 168 со 105 (тоа беа воедно и највисоките измерени вредности). Веднаш се упатив во болницата, каде и требаше да се породам. Бев прегледана, беше утврдено дека сите мерки се соодветни и дека нема посериозни отстапувања. Поради мојот сомнеж за прееклампсија, ми беше направен и тест за присуство на протеини во урина и откако тој беше негативен, беше констатирано дека прееклампсија немам и терапијата која ја добив беше Метилдопа, која се ординира кај трудници со хипертензија. Следните недели беа вообичаени со блага до умерена хипертензија на која веќе се навикнав и отоци, кои пак ќе повторам се горе доле нормална појава за тој период од бременоста. Нестрпливо го очекував раѓањето на бебето, како и секоја мајка и постојано си прашував дали не е подобро да закажеме царски рез поради високиот притисок, но одговорот беше да чекам болки. И чекав, толку нестрпливо чекав, се додека во последниот ден од 39-та недела не забележав дека вообичаените дневни движења на бебето се намалуваат. Веднаш се упатив накај болницата. По пат се тешев дека бебето е веќе многу големо и нема толку простор за движење, како досега. И потоа следуваше шок, вистински кошмар, кога беше утврдено дека бебето не е повеќе живо и предизвик беше дали ќе успеат и мене да ме спасат, затоа што веќе сум западнала во состојба на ХЕЛП синдром, кој скоро секогаш завршува фатално за мајката. И имајќи го сето тоа на ум и во срцето, јас морав да поминам низ сите тие породилни болки, да го родам тоа толку убаво и толку посакувано бебе и да имам само половина минута време да се збогувам со него. Не постојат зборови со кои може да се опише таа болка, тој јад. Епилогот од обдукцијата беше инфаркт на постелката. Заклучокот на докторите, како и на поновите истражувања дека и само првите два симптома се доволни за прееклампсија. Така што да располагале со тој податок тогаш, бременоста ќе беше завршена како и во другите случаи на прееклампсија, бебето ќе беше родено во термин, а мајката здрава. Тоа е. Било, поминало, да не се повтори веќе никому. Секоја состојба на дури и мала хипертензија во бременост да се следи будно и да се има на ум дека не се потребни сите три симптоми за ни најмалку наивната прееклампсија. "

Рингераја : Навистина жалам за вашата загуба! 
Какво влијание имаше таа траума на следните бремености?

Весна:" Да, траума е вистинскиот збор. Како и секоја траума, неминовно е да има импликации на следните бремености. Откако ги направив сите проверки и прегледи и се беше во ред, останав бремена по само пет месеци од породувањето. Имајќи предвид дека прееклампсијата е состојба која се јавува кај околу 7% од бременостите и плус кога веќе еднаш сте ја имале, имате нешто поголема шанса да ја искусите повторно во следните бремености. Следната бременост ми беше како од учебник, значи без било каква компликација, без ниту еден единствен оток. Бебето беше карлично поставено, а јас инсистирав што поскоро да ја завршуваме бременоста и закажавме царски рез на почетокот на 39-тата недела. До последен миг бев во стега поради преживеаното и кога ми ставија спинална анестезија и кога почувствував толку силна клоца од бебето, ете дури тогаш се опуштив, дури тогаш знаев дека ќе биде се како што треба. Во првата бременост се грижев само да биде се во ред со бебето, за мене воопшто не ни мислев. Во втората бременост, кога веќе имав едно дете, почна вистинскиот страв за мене. Само огромното познавање од оваа област и големата самосвест ме спасија да не завршам со класични панични напади и неколку месеци по породувањето со второто дете. Знаев дека ако продолжам или дозволам уште само малку понатака, дека тоа би бил вистински паничен напад. Втората бременост ми беше исто така комплет уредна, само на крајот на 39-тата недела заврши со царски рез, затоа што кренав температура од нигде никаде. Јас сум убедена дека поради секојдневното одење на ЦТГ и контактот со огромен број на луѓе стануваше збор за некоја вироза, а докторите помислија дека е можеби имунолошки одговор кој се случува кај некои бремености и од предострожност ја завршија бременоста со царски рез. Но, сепак беше термин, бебето 3,600 кг., се во најдобар ред.
И покрај таа траума, не сакам да се откажам од сонот за три дечиња, така што ќе дадам се од себе да го остварам. Иако моите најблиски никако не ме поддржуваат, поради трауматичното искуство, секако. Имам другарка која се откажа од второ дете поради стресот од моето искуство. Но, јас сум храбра личност или барем така се доживувам. Не дозволив тоа искуство да ме спречи во намерата да се реализирам како мајка. "
 
Рингераја : Пријателите и познаниците кои знаеја низ што сте поминале, каква беше нивната реакција, поддршка, однесување? 
Вакви ситуации се многу тешки и некогаш, сеедно дали е некој близок или некој сосед/колега /познаник, не знаејќи како да пристапи, како да изрази сочувство, што да речи а да не згреши, се дистанцира... Друг па е нападен, иако секако од добра понуда го прави тоа... Трет реагира поинаку, како и да е и од другата страна не е воопшто лесно.. Какво беше вашето искуство после загубата со пријателите/познаниците/роднините итн?

Весна:" Реакциите на пријателите беа не баш какви што посакував, иако рака на срце најблиските беа тука во секое време. Најголемиот дел од нив се плашеа да зборуваат на темата, сметаа дека со зборувањето само се растревожувам и го поминувам сето тоа одново и одново, како да не беа свесни дека тоа е процес кој мора да се помине како таков, како да не беа свесни дека сите тие емоции со нив или без нив ги поминувам постојано дење ноќе."

Рингераја: Каков е вашиот став и искуство со доење? 

Весна:" Околу доењето, сигурна сум дека поставив современ рекорд на најдолго доење на овие простори. Имено, доев од раѓањето на ќерка ми во април 2013-та година, па се до август 2020-та година, непрекинато. Полни 7 години и 4 месеци. Малата беше првото дете кое ја придружувало мајката во болница сите денови по породувањето, на нејзини 3 и пол години. Кога се роди синот продолживме со тандем доење уште некој период. Би сакала да ги охрабрам сите нови мајки, кои се соочуваат со проблем недостаток на млеко, да не се откажуваат. Јас бев отпуштена од болница без ни една капка млеко и препорака за хранење со Аптамил 1. Но, не се откажав. Се измолзував постојано, за да стимулирам создавање на млеко и на крај резултатот е очигледен. Така да вредеа сите непроспиени ноќи и крвави брадавици."

Рингераја: Мисијата ви е да го прошетате светот. До каде сте со тоа?

Весна:"Да, цел ни е да го поминеме целиот свет. Имав желба децата да бидат првите кои го направиле тоа на најмала возраст, но тука короната ни застана на патот. Но, не се откажуваме, се надеваме на што поскоро нормализирање на нештата во областа на патувањето. Сме поминале многу земји заедно, сме истражиле многу места и најважно од се сме уживале во секоја секунда од тоа. Како велат, патувањето е единственото нешто за кое плаќате и станувате побогати." 

Рингераја :" Некоја интересна авантура која се случила?
Некоја непријатна ситуација во која сте се нашле?"

Весна:"Да одвојам по една случка, уфффф тешко. Знаете како, кога сте на пат, постојано нешто се случува. Ние во 2019-та година направивме една голема тура во Азија, која траеше неколку месеци. Верувајте дека тие неколку месеци во сеќавањето ми се како 15 години, а остатокот од годината овде неспоредливо помал. Постојано се случува нешто. Јас сакам и организирам да видиме и посетиме колку што можеме повеќе, всушност да го извлечеме максимумот од секое патување. На пример од секогаш сум сакала да ги посетам Petronas Twin Towers во Малезија и исто сум мечтаела за Gardens By The Bay во Сингапур. И претходниот ден сме уживале во паркот пред Petronas Twin Towers, a не поминале ни 24 часа а ние ги истражуваме Gardens By The Bay, чувството е неповторливо, преубаво. Можеби најадреналинската случка беше посетата на крајбрежје во Шри Ланка, каде бевме единствените посетители. И немаше да биде ништо необично, ако не воочевме траги од леопард во близина."


Рингераја:" Сте посетиле многу земји и места. Можете ли да издвоите кое било најубаво? 

Весна:" Најубавото место што досега сме го посетиле е Малдиви. Таа тиркизна боја на водата во комбинација со песочно белите плажи, плени. Иако, секое место си има своја убавина и посебна приказна.

Рингераја : Како е да се патува со мали деца? 

Весна :" Околу патувањето со мали деца, има многу предности. Можете да им се посветите на децата максимално и да уживате заедно во секој еден миг, создавајќи спомени што ќе ве греат цел живот. Дома имате многу повеќе обврски и колку и да сакате, не можете да бидете постојано со нив. Сите тие постојани стимулации, кои ги добиваат непрекинато, влијаат многу поволно на нивниот развој. Низ игра и низ забава учат многу за светот и за сите негови делови."


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Опасни играчки за децата во слободна прода...
Лекарите предупредуваат на внимателност
4
Избркајте ги детските стравови
Страв од мрак, страв од лекар, страв од напуштање...Помогнете му на детето да ги совлада своите стравови
3
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
3
Што им прават медиумите на нашите деца?
Мамо, кога јас ќе имам фустан како онаа тетка?!
3




Анкета

Дали ви се менструации болни?
пеперутка16

Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.