Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Замор, мачнина, грчеви, лошо расположение... Колку прекрасна работа е бременоста!
Во овој период дури кај половината трудници се открива намалено железо во крвта. Како последица на тоа се јавува слабокрвност која се манифестира со голем умор, безволност, бледоликост и забрзана работа на срцето. Кај повеќето слабокрвни трудници може да дојде и до несвестица. За можните потешкотии поразговарајте со гинекологот.
Женските гради имаат во просек околу 200 грама, а во бременоста секоја поединечно може да има дури 800 грама.
Повторно на ред е гинеколошки преглед. Знаете веќе мерење тежина, крвен притисок, преглед на крвта и урината. На мајките со RhD негатив, потребна им е заштита во облик на инекции, за следните бремености да бидат безопасни за плодот и за да не дојде до хемолитички болести. За деталите погледнете ја 3. недела од бременоста.
<
Повеќе
Малото човече за кое сега сте сигурни дека е талентиран фудбалер, весело расте, удира и боксува, а при тоа согледува дека неговиот базен станува се помал. Да, има се помалку простор.
<
Повеќе
Сега на мама ќе и треба што повеќе ваша помош, а пред се внимание. Од време на време ќе и се чини дека ќе пукне, па потоа ќе се загрижи дали ќе биде добра мама, па ќе се загрижи како ќе помине породувањето. Накратко, бидете до неа, сослушајте ја и подржувајте ја!
<
Повеќе
Ќе ве расположи нежна масажа на табаните и убави нокти украсени со вашата омилена нијанса на лак- или можеби дури две, па и повеќе. Дозволете си педикир. Нема да биде лошо да размислите и за депилација. Верувајте, ниту на овој вид нега нема да помислите долго време по породувањето.
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...