Anonimen во 18:36
на тема RE: Посвојување на дете
Месечниот циклус на жената се мери од првиот ден на нејзината менструација до првиот ден на следната менструација. Кај повеќето жени, циклусот трае од 28 до 30 дена и тоа се смета за нормална должина на циклусот, додека кај други жени тој трае подолго или пократко. Месечниот циклус може да се подели во 4 фази: менструален циклус, пред овулација, овулација и по овулација.
Менструален циклус е период, во кој доаѓа до исфрлање на неоплодените (изумрени) јајце клетки од претходниот циклус, заедно со слузта од матката. Тоа е период кој трае од 5 до 7 дена кога крвариме. Во тек на менструација, жената во просек губи од 10 до 80 мл. крв. Во оваа фаза, нивото на естроген е многу низок.
Фаза пред овулација (фоликуларна фаза) настапува кога хипоталамусот (кој е задолжен за одржување на хормоните во организмот) праќа порака на хипофизата, која почнува да лачи фоликостимулирачки хормон ( FSH ) . Овој хормон ги стимулира фоликулите да развиваат зрели јајце клетки, од кои само една ќе биде вистинска што ќе созрее во јајникот и ќе тргне по својот пат кон јајникот и матката. При процесот на созревање, фоликулите почнуваат да произведуваат естроген. Зголеменото ниво на естроген праќа порака на хипоталамусот и хипофизата, дека постои зрела јајце клетка, што доведува до лачење на лутенизираниот хормон (LH).
Помеѓу 24 и 36 часа од почетокот на лачењето на лутенизираниот хормон, зрелата јајце клетка се одвојува од јајникот и тргнува кон матката. Тоа е период на овулација. Во овој период шансите за зачнување се најголеми.
Во фазата по овулација (лутеална фаза), фоликулата од која настанала зрелата јајце клетка (corpus luteum ) почнува да лачи прогестерон, кој и помага во подготовка на матката за примање на оплодената јајце клетка. Прогестеронот се произведува 12 до 16 дена. Доколку дојде до оплодување, прогестерон продолжува да се произведува, за да помогне во развивање на плодот во раната бременост, како и во подготвување на градите за правење млеко. Доколку не дојде до оплодување, нивото на хормонот почнува да опаѓа и околу 14 дена по овулацијата, изумрената јајце клетка заедно со слузта од матката се излачуваат низ вагинално крварење- менструација. Тогаш настанува нов месечен циклус.
За да ви помогнеме да ја препознаете секоја фаза од вашиот циклус, направивме табела со сите важни фактори и нивната промена во текот на еден циклус.
Дел од циклусот | Промени во телото на жената |
Почеток на циклус (менструација и веднаш по неа) | Менструално крварење, различни симптоми кои ја следат менструацијата (бокла во стомакот, грчеви, болка во грбот…) |
Пред овулација (се приближуваат плодни денови) | Цервикална слуз |
овулација | Некои жени можат да почувствуваат овулација (болни гради, промена во расположение, зголемено либидо, блага болка во долниот дел на стомакот…) |
По овулација (од плодни денови до менструација) | Расположението се враќа во нормала, организмот се подготвува за нов менструален циклус
Грло на матката - опаѓање на сите хормони пред почетокна менструалниот циклус
Пред нови менструации: |
micka22 во 15:07
на тема RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто се вика на жените во породилната сала?
Добив контракции, започна најсреќниот ден во мојот живот, но не беше. ...
Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за dor...
15 дилеми поврзани со бременоста
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Поддржуваме мали бизниси: МH CandleCo
Ние сме две сестри Христина и Мартина кои се креатори на МH CandleCo. ...
Практични решенија за мирен сон на вашето бебе
Доаѓањето на бебињата на овој свет претставува еден од најубавите моме...
Работа.
пеперутка16
Кога почнавте да работите по породувањето?