Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
/11
Породувањето е веќе минато и време е да се прилагодите на новиот живот со своето бебе. Погрижете се за добра исхрана и што повеќе одморајте, доколку новиот член тоа ви го дозволува.
Продолжете со урамнотежената исхрана
Урамнотежената исхрана е важна исто колку и во бременоста. Јадете редовно. Оброците нека ви ги подготвува партнерот или некој друг. Доколку е можно неколку недели нека ви помага вашата мајка. Таа вас најдобро ве знае и најверојатно со неа може да разговарате за било што. Од неа може да добиете многу корисни совети, а ќе ви помогне и да ги пребродите првите недели после породувањето, кои се воедно и најтешки, затоа што мора да се навикнете на сосема поинаков живот.
Одморајте колку што можете
Со новороденчето ќе ви треба мир и тишина, затоа ограничете ги посетите на пријателите и познаниците се додека не бидете потполно подготвени за тоа.
Првите неколку дена останете во кревет, а ако сте имале царски рез се препорачува да одморате во кревет неколку недели. Мора да се заздравите од физичките промени кои ви се случиле во текот на породувањето. Домашните работи сведете ги на минимум. Ако сте во кревет, може да се придржувате на советите кои сигурно веќе безброј пати сте ги слушнале како на пример, спијте кога спие вашето бебе. Многу е важно да имате доволно сон. Требало да поминат девет месеци за бебето да се развие, а сега вие треба да му дадете на вашето тело време повторно да се адаптира на состојбата пред бременоста.
Вашиот кревет е истовремено најдобар простор за галење со вашето бебе. Во креветчето може да стане осамено, а на новороденчето му треба близина од мајката и таткото, а и вам неговата.
5
5
5
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Храна што е забранета во бременоста и зошто
Бременоста е период кога исхраната има големо влијание врз здравјето н...
Менување пелени, што да користите и што да избегнувате?
Менувањето пелени е една од најчестите и најважни рутини во грижата за...
Што е сурогат мајка и како функционира процесот?
Сурогат мајка е жена која ја носи бременоста и го раѓа бебето за друго...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.