Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Во бременоста нормално е да се загуби расположението, а да се добие во тежина. Ниту едното, ниту другото не е баш пријатно, нели?
Што ве чека на првиот гинеколошки преглед?
- општ гинеколошки преглед,
- ултразвучен преглед,
- мерење на крвниот притисок,
- тежина,
- контрола на крвта.
Во оваа недела плодот веќе почнува да се размрдува. За жал, сеуште е премал за да ги почувствувате неговите движења.
Набрзо ќе дојде време за првиот гинеколошки преглед. Повеќето од Вас ќе отидат на преглед меѓу 8. и 10. недела од бременоста, а во случај на јаки грчеви, постојано повраќање или вагинално крварење и порано. На првиот лекарски преглед, освен совети, детална здравствена историја (ќе ве прашаат за евентуални потешкотии при зачнувањето, абортуси, прележани болести, навики, наследни болести, земање лекови, за вашата професија и работата), ќе ве прегледаат и гинеколошки. Прегледот опфаќа:
<
Повеќе
Брзото растење на плодот продолжува. Сега е голем колку црешна, од 8 до 11 мм, а тежок 1 грам. Јасно се гледа задниот дел на мозокот, а плодот веќе почнува да се поместува. За жал, сеуште е мал за да ги почувствувате неговите движења. Ви треба уште малку трпение, некаде до 20. недела кај прворотките, а кај оние кои веќе раѓале, две до три недели порано... и нежни пеперутки ќе почнат да шетаат во стомакот. А кога ќе зајакнат, ќе бидат тоа јаки удирања. И во развојот на коските се случуваат прилично интересни работи: се појавуваат лактовите, а коските стануваат се поцврсти поради таложење на калциумот. Почнуваат да се развиваат прстиња, уште малку и ќе можете да ги преброите!
<
Повеќе
На идната мајка овозможете и што повеќе сон. Дури и на пладне, доколку тоа и одговара. А знете ли што сигурно ќе и годи? Масажа на табаните!
<
Повеќе
Одењето на забар не е баш интересно, но е препорачливо. Бременоста предизвикува омекнување на непцата кои стануваат подложни на воспаленија. Одењето на забар во бременоста и не е така страшно, бидејќи се работи за превентивен преглед (стоматологот ќе ви објасни дека многу третмани не можат да се прават за време на бременоста поради внесување на лекови во телото. За инекции против болки се одлучува посебно, бидејќи може и подобро е мајката да не трпи болка. Бидејќи храбро ги поднесовте чепкањето во устата и бушењето на забите, заслужувате награда. Веќе подолго сакате нов парфем, зар не?
забава Бремените
Автор: bobik
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Задржување течности или масно ткиво
Промените во телото често создаваат дилема, дали станува збор за задрж...
Вежби за фина моторика според возраста
Фината моторика се однесува на способноста за прецизни движења со раце...
Контрола на хормоните во текот на бременоста
Бременоста е период кога телото на жената поминува низ интензивни хорм...
Рутина за спиење според возраста на детето
Добрата рутина за спиење е клучна за здрав развој, расположение и одне...