Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
/11
Може ли сексот да биде штетен за бебето?
Ако бременоста се одвива во најдобар ред, половата активност за време на истата не претставува проблем и пенетрацијата не е опасна за плодот, но подобро е да биде нежна и внимателна.
Во првото тримесечје ризикот за спонтан абортус е поголем, па така и лесни трауми предизвикани од сексуалната активност може да ја зголемат опасноста. До седмиот/осмиот месец од бременоста може мирно да се води љубов, со поголемо внимание да се одбере положбата, подобро мажот да биде под жената, посебно кога стомакот е поголем.
Второто тромесечје од бременоста обично е период во кои моментите на интимност се најинтезивни, но понекогаш кај жената доаѓа до природно губење на желбата која е поврзана со физичката промена на телото и стравот од губење на детето.
Дали кафето и виното се дозволени?
Во бременоста треба драстично да се намали конзумацијата на чај, чоколадо и да не се пијат повеке од 2 шолји кафе дневно. Секако најидеално би било потполно да се престане со конзумирање на овие пијалоци во текот на 9 месеци бременост.
Се работи за надразливи супстанции кои влијаат на нервниот систем и прекумерна употреба може да доведе до спонтан абортус или предвремено пораѓање.
И виното треба да се пие во умерени количини или целосно да се избегнува. Апсорбирањето алкохол во организмот ослободува работи кои се штетни за правилен развој на детето во првите 3 месеци. Поради тоа најдобро е да не се пие повеќе од една чаша вино дневно.
Дали лековите се штетни за плодот?
Активните состојки од лековите може да дојдат до плодот преку плацентата и да влијаат на неговиот развој. Затоа во бременоста лекови се препишуваат само ако се неопходни.
Многу е важно да не се земаат лекови самоиницијативно, туку секогаш да се посоветувате со вашиот лекар. Исто важи и за природни средства како лекови на природна база или хомеопатски лекови бидејќи и тие содржат активни состојки кои може да влијаат на развојот на плодот.
Оставаат ли апаратите за вештачко потемнување дамки на кожата?
Во деветте месеци бременост не се пожелни естетски третмани од тој тип, бидејќи покрај хормоналното пореметување, кожата станува осетлива и изложувањето на овие зраци може да доведе до појава на дамки.
Освен тоа топлината од тие светла за самопотемнување делува како вазодилатор односно ги шири крвните садови и може да го забави протокот на крв од нозете во срцето.
Претставува ли бојата за коса проблем?
Како мерка на безбедност во првите 3 месеци треба да се избегнуваат трајни бои за коса со избелувач, но и оние на билна база. Хемиските супстанции се присутни во големо количество и може да влезат во циркулацијата и да го оштетат плодот.
Но дозволени се преливи за коса или фарбање прамени бидејќи штетните супстанции не доаѓаат до коренот на косата и не постои опасност да бидат апсорбирани.
Шампони и спрејови во боја исто така се дозволени. Во секој случај треба да се пробаат прво на мало место од кожата за да се провери дали има алергиска реакција. Во бременоста кожата станува осетлива па и бојата за коса може да предизвика надразливост.
Предизвикува ли восокот за депилација надразнување?
Во тој период може да дојде до намалена потреба од третмани за депилација поради зголеменото влијание на естероген и прогестерон кој го намалува растот на влакна. Во секој случај треба да се ориентирате према поблаги варијанти на депилација, жилет кој нема никаква контраиндикација, креми или сапуни за депилација.
Топол восок треба да се избегнува бидејќи може да влијае на циркулацијата на крвта, која во овој период е намалена.
Ладниот восок е дозволен доколку немате проблем со циркулација како отеченост или видливи капилари. Исто така ласерските третмани подобро е да ги оставите за после породувањето.
Треба ли да се избегнува летање со авион?
Воздухопловните компании примаат на летови бремени до седмиот месец.
Освен тоа, за кратки летови потребна е потврда од доктор дека не постои опасност од предвремено породување.
Посебно кај долгите патувања, мали телесни вежби во текот на патувањето помагаат да се ублажи чувството на отеченост во нозете, која е последица од седечката положба и притисокот на матката на подрачјето на слабината што ја спречува нормалната циркулација. Пожелно е често да се станува да се прошета по слободната патека и да се протегнат нозете.
Дали пливањето е корисно?
Пливањето се препорачува во сите девет месеци од бременоста затоа што ги тонифицира мусклулите без преголемо напрегање на зглобовите и и помага на жената да се подготви за породување.
Корисни се и благи спортски активности како возење собен велосипед. Активности како аеробик, трчање, тенис или скијање, предизвикуваат силно напрегање на мускулите и поради тоа, треба да се избегнуваат за да не дојде до траума на плодот и плацентата.
Дали се дозволени стоматолошки интервенции?
Стоматолошки интервенции се дозволени само ако се неопходни, затоа што се склони на инфекции во бременоста и лесно доведуваат до крварење. Ако е потребно може да се даде и локална анастезија, но не смее да содржи адреналин затоа што делува така што врши притисок на капиларите кои може да ја оштетат плацентата.
Треба ли да се избегнуваат високи потпетици?
Во бременоста потпетиците не треба да бидат ни превисоки ни премногу ниски, бидејки потенцираат неправилно држење на телото и ја блокираат циркулацијата на крвта.
Идеална висина за нов центар на рамнотежа во бременост е 3-4 сантиметри. Стомакот со својата големина ги тера трудниците да ги навалат рамената навнатре за да се воспостави рамнотежа на телото.
Дали ПАП тестот е неопходен?
Пап тестот е преглед кој обично се прави во првиот стадиум од бременоста, но не е неопходен ако е направен во текот на претходните години. Преглед кој не се препорачува во бременост, е правење на ренгенски снимки. Овие зраците се опасни за развојот на детето па поради тоа ренгенски снимки не се прават.
Сака ли бебето да слуша музика?
Премногу гласната музика, може да му смета, а исто така изразито висок или необичен тон може да го направат бебето немирно.
Освен тоа гласната музика потикнува лачење на адреналин во организмот на жената што може да биде штетно за здравјето на детето.
Се препорачува слушање класична музика која ги смирува децата и може да придонесе до посебно чувство на поврзаност меѓу мајката и детето.
Смеат ли да се користат лаксативи?
Трудниците често имаат проблем со затвор, посебно во последните месеци од бременоста. Зголемената матка притиска на реткумот и го спречува излегувањето на столицата од организмот. Зголеменото излачување на прогестерон исто така има негативно влијание. За решавање на проблемот со запек наместо лекови може да помогне соодветна исхрана.
Треба да им се даде предност на производи кои имаат лаксативно дејство кои содржат полно влакна како мешунки, овошје, зеленчук. И течностите ја потикнуваат работата на цревата, затоа треба да се пијат најмалку 2 литри течности дневно.
Физичката активност може да биде од помош кај запек во бременоста. 15 до 20 минути одење, особено наутро може да поттикне на правилна работа на цревата.
Дали моторите и моторциклите се преопасни?
Превозно средство на две тркала како мотор или моторцикал трудниците ги изложува на опасност од паѓање што може и негативно да влијае на бременоста.
Освен тоа во првите три месеци од бременоста вибрациите и тресењето предизвикани од возењето може да доведат до микротрауми и да ја загрозат бременоста.
Дали пушењето е потполно забрането?
Докажано е дека пушењето во бременост е штетно, се зголемува опасноста за абортус и правилниот развој на детето може да биде загрозен.
Деца родени од мајки кои пушеле може да имаат намалена телесна тежина и воглавно се склони на појава на проблеми во дишењето. Докторите поради тоа советуваат во текот на бременост да се прекине со пушење или барем да се доведе до минимум за да се избегна можните штетни последици.
Забелешка:
Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...