Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Сеуште имате мачнини? Поради бременоста или поради тежината што ја покажува вагата?
Добивањето на тежина во првото тромесечје кај секоја трудница е различно. Некои брзо добиваат неколку килограми, а кај други тежината воопшто не се менува, додека оние кои се борат со мачнини можат дури и да изгубат некој килограм. Сите можности се сосема природни и безопасни, секако, под претпоставка дека редовно и здраво се храните. Немојте да ги прескокнувате оброците! Повеќе му штетите на плодот, отколку на самите себе, иако најкритичниот дел во развојот на плодот е завршен. Сега е на ред побрз развој на плодот од минатите недели. На почетокот на оваа недела должината на плодот е 3 см, а на крајот на неделата дури 5 см.
Ако здраво се храните и избегнувате внесување на нездрави додатоци во исхраната, не оптеретувајте се со бројките кои ги покажува вагата. Кога сме веќе кај просекот: просечна трудница во првото тромесечје секој месец добива по 0,5 – 1 кг.
<
Повеќе
Со голема радост ви кажуваме дека најкритичниот период во развојот на плодот е завршен, сега на ред е уште побрз развој од минатите недели. Во почетокот на оваа недела плодот е голем околу 3 см, а на крајот на неделата дури 5 см. Неверојатно, морате да признаете! Обликот на плодот е прилично смешен, бидејќи главата зазема дури половина од целокупното тело. Секако, тој однос ќе се промени со развивање на плодот.
<
Повеќе
Иако цело време на прво место ја ставаме идната мајка, никако не смееме да заборавиме и на татковците. И вие морате да се грижите за себе. Без чувство на вина, договорете се со пријателите на машко дружење. И татковците треба да имаат неколку часа само за себе!
Повеќе
Поголемиот број трудници загрижени се поради настанување на стрии. Проблемот е во тоа што тие не се губат по породувањето. Иако не можеме со гаранција да кажеме дека со мачкање на креми потполно ќе ги избегнете, но така барем ќе ги ублажите. Стриите настануваат како последица на растегнување на кожата која притоа пука. Во бременоста имаат црвенкаста или сина боја, а по породувањето помалку се приметуваат бидејќи ја губат бојата. Но сеедно вие се гордеете со своето стоамче: стриите се диплома за мене.
забава Бремените
Автор: bobik
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...
Првите денови од бременоста. Што треба да направите?
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот в...