namesp во 10:11
Тродимензионално ехо
Редакција Рингераја, 4.5.2010Бременоста не е единствена област во гинекологија која се следи со три-димензионални прегледи за да се даде точна дијагноза. Тридимензионалното ехо помага да се откријат причините и за женската неплодност, особено кога причината е поврзана со матката. На овој начин може да се откријат многу пречки кои најчесто се причина за повторувачки абортуси или за предвреме родени деца со фетален раст и ретардација – опишува докторот. Поради деталниот увид може да се следи ракот на матката и јајниците и со сигурност да се утврди како да се третира болеста и дали можеби најдобро е да се оди на операција, како и веројатниот исход од сето тоа. Ракот на матката е еден од малкуте кој може да се открие порано преку скрининг за рак на грлото на матката. Државата превзема чекори со кампањи за постојани прегледи, а со тоа и рано откривање на ракот на матката. Сепак постојат жени кои не вршат редовни гинеколошки прегледи.
Речиси секој случај на рак на грлото на матката може да се спречи со редовни гинеколошки прегледи и со вакцинација против ХПВ (Хуман папилома вирусот). Повеќе од 200 жени во Македонија секоја година заболуваат од рак на грло на матка, а приближно половина од нив умираат како последица на оваа болест. Во светски размери годишно се регистрираат околу 500.000 нови случаи, од кои дури 300.000 завршуваат со смрт.
Експертите советуваат жените кои имаат историја на болести во семејството поврзани со рак на дојката или јајниците, треба почесто од вообичаено да одат на гинеколошки прегледи, бидејќи кај нив ризикот од заболување е поголем.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Колкава е должината и тежината на плодот во секоја од 40-те недели од бременоста? Проверете како плодот расте во мајчина...

Постојат неколку случаи во кои може да се доведе до ризик вашата бременост, како што се паѓање од скали, удар во стомако...

Во третото тромесечје од бременоста, поинтензивно почнуваат подготовките за породување. Ви даваме неколку совети како да...

Инцизија и инфекции на матката се релативно чести по царски рез. Дознајте за вообичаените симптоми на инфекција по царск...
