vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Единствената негативна работа, всушност може да биде нафрлањето по некој килограм плус на вашето тело.
Сте се одлучиле да го кажете судбоносното “да” и да го делите животот со мажот кој го сакате. Според заклучокот на научниците, брачниот живот, всушност, има бројни позитивни ефекти на здравјето, но секако, само ако е хармоничен и исполнет со љубов.
Подолг живот
Истражувањето спроведено во Универзитетот во Чикаго покажало дека оженетите мажи прославуваат и до 10 родендени повеќе во однос на самците, за разлика од омажените жени кои живеат само 5 години повеќе во однос на неомажените.
Тезата дека бракот го продолжува животот го потврдува и истражувањето на научниците од британскиот Универзитет Варвик: после 10 годишно следење и испитување на 10.000 лица, утврдено е дека тајната на брачната долговечност се состои во многу посмирениот начин на живот од однос на авантуристичкиот самотнички живот.
Во најголемиот број случаеви, всушност, фамилијарните луѓе ретко прерипуваат оброци, имаат помалку непроспиени ноќи поради поретко излегување во ноќни локали и слични места, што значи дека помалку пушат и поретко пијат алкохол.
Личностите кои помирно живеат емотивно се постабилни, а исто така тоа допринесува до намалување на стресот поради заедничкото соочување со секојдневните проблеми, кога двата партнери си даваат поддршка еден на друг како полесно би се соочиле со истите.
Совет: Внимавајте да не се соживеете премногу со улогата на куќен чувар, бидејќи бракот не значи поништување на самите себеси и преземање на целиот товар и одговорност врз себе заради добро функционирање на семејството и домаќинството. Доколку преземете се на свој грб, тешко дека некогаш потоа ќе најдете време да размислите за сопствените желби и потреби. Веројатно тоа ги објаснува резултатите од истражувањето на едно швајцарско истражување според кое жените кои се премногу посветени родители на сметка на сопствените интереси, живеат во просек година и пол пократко од своите брачни партнери.
Помлад мозок
Лицата кои се во брак во однос на самците имаат дури 50 проценти помал ризик од заболување од опасната Алцхајмерова болест или општо позната како сенилна деменција. Тоа го потврди и истражувањето на шведскиот Каролинска институт кое траело 21 година. Според резултатите, лицата кои не се во трајна стабилна врска имаат двојно поголеми изгледи од слабеење на нивните конгнитивни способности во текот со годините, додека пак разведените лица кои не основале ново семејство имаат дури три пати поголем ризик. Оние кои се во брак многу подобро се справуваат со сите видови на трауми, вклучувајќи и тагување поради смрт или губење на работното место, поради тоа што имаат емотивна поддршка од нивниот партнер. А секоја таква траума го убрзува процесот на стареење на мозокот, особено ако е долготрајна.
Совет: Обидувајте се постојано да одржувате активна комуникација со вашиот партнер како би го избегнале вообичаеното сценарио на рутинско однесување кое допринесува за поретко разменување на емоции и мислења, а зголемување на монотонија во меѓусебниот однос. Не избегнувајте караници, па дури ни оние жестоките, бидејќи и тие можат да допринесат за подобрување на меѓусебниот однос, и што е најважно, помагаат за ослободување од огорченоста и лутината која ја чувате во себе. Исто така не заборавајте дека потиснувањето на емоциите најчесто доведува до распад на врската. Блискоста и поттикнувањето родителски амбиент го зголемуваат нивото на неутрофини во организмот, а тие се причината за создавање на нови врски помеѓу мозочните ќелии кои и тоа како го зајакнуваат памтењето но истовремено го заштитуваат мозокот од стареење.
Поиздржливо срце и вени
Бракот е добар и за срцето, не само во емотивна смисла, но таков учинок има првенствено кај машките. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Њукасл покажало дека самците имаат поголем ризик од срцев удар, додека пак истражувањето на научниците од Универзитетот во Питсбург открило дека оженетите мажи имаат поеластични вени како и дека имаат помал ризик од добивање мозочен и срцев удар. Зошто? Пред се бидејќи водат поуреден живот отколку самците.
Совет: Не го занемарувајте сексот бидејќи е одличен лек за срцето, како за жените така и за мажите. Ја поттикнува циркулацијата и ја регулира работата на срцевиот мускул во оптимален ритам пред се, благодарејќи на тестостеронот (хормоните на мотивација или уште наречени адреналин, кои наголемо се излачуваат за време на секс), го зголемува нивото на HDL или таканаречен добар холестерол, а кои исто така се нарекуваат и чистачи на вените. Освен тоа, сексот го зголемува лачењето на окситоцин, хормон кој го регулира крвниот притисок, а истовремено ја појачува работата на срцевиот мускул.
Избалансиран притисок
Крвниот притисок кај мажите и жените во брак е понизок отколку кај самците. За овој ефект пресудна е емотивната блискост која треба да се негува и цени бидејќи токму емотивната блискост е една од главните причини за прекрасен брак. Научниците нагласуваат дека незадоволните брачни партнери имаат значително повисок крвен притисок во однос на самците, бидејќи настанува поради постојаните меѓусебни недоразбирања и напнатост “што е клучно” за зголемување на крвниот притисок.
Совет: Сочувајте ја блискоста и добриот контакт со пријателите и после стапувањето во брак. Според резултатите од едно истражување, објавено во списанието The Journal of Behavioral Medicine, пријателствата се идеален лек против зголемен крвен притисок. Ова се однесува само за цврсти и квалитетни пријателства кои можат да допринесат за ослободување од стресот и напнатоста кога ќе се појават проблеми во бракот или на работното место. Разговор со лице од доверба функционира исто како издувен вентил и ги ублажува штетните последици од стресот, меѓу кои е и високиот притисок.
Помала осаменост и депресија
Разведените мажи и жени, вдовци и вдовици како и самците, многу почесто патат од депресија во однос на лицата кои се во брак. Ова го покажа истражувањето спроведено на универзитетите во Копенхаген и Охајо. Утврдено е дека депресивните личности кои после развод повторно стапуваат во брак полесно се справуваат со лошото расположение отколку тие што остануваат сами. Животот во пар, очигледно овозможува чувство на стабилност и го спречува чувството на осаменост овозможувајќи лачење на корисни супстанци како на пример серотонинот, хормонот на добро расположение.
Совет: Потрудете се да практикувате поголема физичка активност и спорт. Издвојте неколку часа неделно за фитнес, прошетки, возење велосипед или пливање: шетањето е прав еликсир за добро расположение бидејќи го зголемува лачењето на невротрансмитерите кои имаат благ седативен учинок, како допаминот и серотонинот.
Единствен минус: дебелеење
Најголемиот недостаток на убавиот брачен живот во здравствен смисол всушност претставува загрозувањето на витката линија. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Минесота покажало дека жените во првите две години од бракот се здебелуваат за два до три килограми. Оттаму, треба да внимавате на заедничките оброци: како би ја зацврстиле меѓусебната блискост преку храната, а воедно би ги разубавиле интимните моменти без опасност кон телесната тежина така што ќе им дадете предност на намирниците со помалку калории.
Совет: Постојано трудете се да имате прекрасен однос со партнерот бидејќи стручњаците тврдат дека 10 годишно неквалитетно водење брачен живот претставува директна причина за накачување на 5-6 килограми плус, а сето тоа се случува поради честото внесување на огромни количини храна, во која голем број несреќни брачни партнери бараат утеха.
3
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...