|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.


Дану Филантропија ЈИЕ

Порталот Рингераја.мк од самиот почеток се стреми кон помагање онаму каде е потребна помош. Поради поголема професионалност и организација на хуманитарните активности, се основа Дану Филантропија ЈИЕ (Југоисточна Европа), која преставува подружница на Словенечката Дану Филантропија. Дану Филантропија ЈИЕ го користи интернетот како медиум и помага таму каде е потребна помош, притоа дејствувајќи брзо и ефикасно и опфакајќи поголем дел од целната група. Филантропските активности се локални и интернационални. Помош се нуди на поединци, друштва, организации, пред се на бремени жени, деца во претшколска возраст, како и нивни старатели и родители. За остварување на своите цели и задачи Дану Филантропија ЈИЕ остварува соработка со организации и институции кои имаат за цел да придонесат за среќно и здраво детство и родителство.

Правилник на Дану Филантропија ЈИЕ

Дану Филантропија ЈИЕ преставува непрофитабилна организација и нејзиното дејствување е со помош на донации. Поради тоа што сакаме работењето на Дану Филантропија ЈИЕ да биде транспарентно и јасно, подготвивме и правилник. Евентуалните забелешки и дополнувања во врска со овој правилник може да ги испратите на следната е-адреса: filantropija@danu.biz.

Какви акции поддржува Дану Филантропија ЈИЕ и во нејзини рамки и Рингераја.мк?

Дану Филантропија ЈИЕ помага на:

- Организации, здруженија, фондации во Македонија и надвор од границите на Македонија.
- Поединци и семејства, кои се нашле во неволја и потербна им е помош во најкратко можно време. При тоа предност имаат оние кои не можат да добијат од државни институции и/или хуманитарни организации.

Објавувања на форумите за филантропија на Рингераја.мк веб порталот

Сите можете бесплатно и едноставно, во рамките на делот одреден на порталот, сами да објавувате пораки, како за барање помош, така и за нудење помош. Притоа Дану Филантропија ЈИЕ не е организатор на акциите и не ја проверува веродостојноста на податоците. Поедините корисници можат самостојно да се одлучат, дали акцијата ќе ја поддржат на нивна сопствена одговорност. Дану Филантропија ЈИЕ се придржува кон правилото, во склад со правилата за употреба на порталот соодветно да го модерира форумот. Во случај на злоупотреба го зачувува правото, акцијата да ја прекине.

Облик на помошта

Дану Филантропија ЈИЕ може како помош да ги употреби фондовите кои се наменети за таа цел. Тие средства се наменети пред се за акции, при кои брзиот одзив е од критично значење. Дану Филантропија ЈИЕ може исто така да организира собирање на финансиски и материјални средства од корисниците на своите веб портали. Да понуди помош при организација и изведба на други акции и помош при придобивање на здравствени помагала и лекарства.

Лични податоци

Сите лични податоци, од оние кои ќе побараат помош, и од оние кои ќе понудат помош се заштитени во согласност со законост за заштита на лични податоци. Личноста, која ја добива помошта може во договор со екипата на Рингераја.мк сама да одлучи кои податоци ќе бидат посредувани во јавност (тука се вбројуваат и објавите на порталот или во други медиуми со кои соработува или би соработувала Дану Филантропија ЈИЕ). За злоупотреба на тие податоци од страна на трето лице, екипата на Рингераја.мк не превзема никави одговорности. Фотографии ќе бидат објавени само со дозвола на приемникот на помош.

Тек на акцијата

Текот на акцијата е зависен од природата на поедини акции и е во согласност со приемникот на помошта. Дану Филантропија ЈИЕ по сопствена одлука ќе ги користи сите извори и партнерски конекции, акцијата да се изврши успешно. На порталот корисниците ќе бидат навремено известени за текот на акцијата и опсегот на собраната помош.

Избегнување на злоупотреба

Управниот одбор на Дану Филантропија ЈИЕ на свој начин ќе направи проверка на предложувачите на акциите и ќе ги поддржи оние акции, кои најдобро се усогласуваат со нејзината мисија, цели и задачи. Дану Филантропија ЈИЕ не превзема никакви одговорности во случај на злоупотреба. Доколку дополнително се увиди дека барателот на помош во своето барање внел лажни податоци, податоците ќе бидат проследени до соодветните судски органи, кои ќе постапат по работната должност. Податоците за злоупотреба исто така јавно ќе ги објавиме и со сите средства ќе се обидеме да ја направиме невозможно понатамошната злоупотреба на податоци.



Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?