|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Промени во телото на трудницата

Редакција Рингераја, 16.12.2021
Се прашувате дали сето ова што вам ви се случува е нормално? Еве еден текст како објаснување, што се случува во организмот на една трудница по неколку недели од бременоста.

image
/11


4. недела
Сега би требало да добиете менструација, но тоа не се случило. Дали имате уште некој симптом? Знаете ли кои се првите знаци на бременост? Ќе ги наброиме: повраќање, надуени гради, благо крварење, малаксаност, поспаност, посебна чувствителност на мириси, губење на апетит, често мокрење, зголемена основна температура. Сите тие симптоми може да ги имате, но и не мора. Најбезбедно е да направите тест, или да тестирате крв на beta hCG, хормон на бременост.

8. недела
Забележувате промени во вашиот струк? Нормално! Затоа што матката се зголемува. Градите ви се поосетливи? Не сакате да ги гледате, а не пак да ги допирате? И тоа е нормално! Мачнините и понатаму траат? За жал, најверојатно, да. На овие маки би можело да се додадат и главоболки.

12. недела
Во овој период мачнините би можело целосно да исчезнат! Многу е веројатно дека нема веќе да мокрите толку често како во првото тромесечје.  Тоа е заради поткревање на матката, а со самото тоа и намален притисок на мочниот меур. Со самото поткревање на матката, бебето излегува од карлицата, па почнува да ви се гледа и стомаче. Нов проблем може да биде запек, затоа што цревата во бременоста работат поспоро. Количеството на крв која циркулира низ вашето тело се зголемува, па вашите бели дробови, срце и бубрези ќе почнат засилено да работат. Исто така, зголемената крв во вашиот организам предизвикува и главоболки. Доколку станат неподносливи, задолжително побарајте совет од својот доктор.

16. недела
Би можеле да ги почувствувате првите движења на своето бебе, ако не сте ги почувствувале, немојте да паничите, многу жени ги чувствуваат дури околу 20-тата недела. Во овој период може да дојде до промени на бојата на кожата. Брадавиците и кожата која ги опкружува би можеле да потемнат, а по средината  на стомакот би можело да се појави темна линија, таканаречена linea negra. Тие затемнувања исчезнуваат после породувањето. Внимание - вашата желба за храна би можела да расте! Дали сеуште ве собира вашата гардероба?

20. недела
Изберете: сакате почесто да мочкате или потешко да дишете? Ако носите ниско, спремете се на трчкање до WC. Ако носите високо - ќе дишете потешко, затоа што матката врши притисок на желудникот, а тој на белите дробови.  Вашите дојки може да создаваат колострум, ретка матна материја, која обезбедува се што му е потребно на вашето дете во првите денови од животот. Не пробувајте да го истиснете, само избришете го! Може да ви се случи да ви крварат непцата а исто така може да дојде до засилено лачење од вагината. Болката во ’рбетот е исто така нормална, а причина се ослабените мускули и лигаменти.

24. недела
Сега веќе и таткото би требало да ги почувствува бебешките движења во вашиот стомак. Внимание - во овој период доаѓа до брз скок во тежината! Ќе бидете чувствителни на топлина, па пијте доста вода и време е да купите поширока облека. Ве чеша стомакот? Велат дека не е добро да го чешате затоа што тоа е добра подлога за создавање на стрии.


28. недела
Може да биде утврдено дека немате доволно железо во организмот. Главен знак на анемија е голем замор, а следуваат уште и безволност, бледоликост, забрзано чукање на срцето. Најверојатно ќе ви биде препишан некој препарат со железо. Може да ве мачи киселина, пречки во варењето на храната и грчеви. Во овој период може да добиете лажни контракции, таканаречени Braxton-Hicsove контракции. Може да го сонувате породувањето или бебето, но тоа е сосема нормално во овој период.

32. недела
Може да ви се случи малку да се помочкате при смеење, кивање или кашлање. Ништо страшно, се случува на многу трудници. Можеби нема да можете да спиете како и обично. Папок? Кај е папокот? Или е израмнет со стомакот, или е дури испапчен. Боловите во карлицата се нормални, затоа што таа се шири за време на породувањето.


36. недела
Бебето би требало да биде завртено со главата надоле, и веќе по малку спуштена, така што ако до сега сте биле во категоријата која потешко дише... уживајте! Можете да дишете, но се придружувате на трудниците кои почесто мократ. Заморот е во овој период нормална работа: послабо спиете и детето е поголемо. Меѓутоа, заморот не е појава кај секоја трудница, може да се случи да бидете полни со енергија.  Велат дека кога трудница чисти по дома тоа значи дека породувањето се ближи со молскавична брзина, објаснувајќи го тоа со некој животински инстинкт, кога мајката го подготвува лежиштето за младото.


40. недела
Можете да почувствувате контракции и да бидете убедени дека започнале трудовите, меѓутоа, ако не се во правилна оддалеченост - тоа не се трудови. Чувството на тежина во долниот дел на стомакот е нормално.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога градитe престануваат да болат во брем...
За некои жени, болните гради се еден од првите знаци на бременост, дури и пред пропуштената менструација
4
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога се приближува терминот. За многу жени, тие се еде...
4
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум чаши вода на ден“, објаснува д-р Едвард Марут, репро...
3