Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Настинка
Настинка по правило не може да му наштети на плодот. Во случај да имате температура над 38.5 треба да посетите доктор и да направите крвна слика. Со тоа може да се открие причината за вашата болест и ќе ви биде препишан лек кој ви одговара.
Стомачен вирус
И овој вирус нема последици по здравјето на вашето дете. Доколку дијареата и повраќањето траат повеќе од два дена, трудницата треба да посети доктор, посебно ако добие и температура. Губењето на течности може да се надополни со инфузија.
Херпес на усните
Херпесот не е опасен, освен ако мајката го има непосредно пред самиот термин за породување. Сепак постојат лекови против херпесот кои се дозволени и на трудниците.
Генитален херпес и вагинални инфекции
Во случај на овие болести трудницата мора да посети гинеколог. И двете болeсти можат да се лекуваат со лекови кои се дозволени за трудници. Ако вагиналната инфекција не се излекува до породувањето, може да се пренесе на новороденчето. Тоа не е опасно, но може да биде непријатно за детето. Многу поопасен е гениталниот херпес кој во некои случаи може да биде опасен дури и по животот на бебето. Доколку жената има акутен генитален херпес за време на породувањето, докторите обично породувањето го прават со царски рез.
Детски болести
Многу трудници имаат страв од детските болести во бременоста, но за среќа прележаните детски болести и болестите против кои се вакцинирани ја исклучуваат можноста за повторно заболување во бременоста. Ако жените кои сакаат да забременат не се сигурни дали прележале некои од тие болести, најдобро е да направат испитување преку крвта пред забременувањето за да навреме се вакцинираат против нив. Во случај трудницата да не прележала рубеола или сипаница, мора да биде многу внимателна. Доколку на пример, работи во градинка мора да оди на боледување.
Кога треба трудницата веднаш да посети доктор?
Доколку крвари, има покачена температура, болки, големи проблеми со крвотокот, потечени лимфни жлезди или ненадеен осип.
5
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Сексот секој ден ја зголемува шансата за бременост
Ова е едно од најчестите верувања кај паровите кои се обидуваат да зач...
Во свет полн со трендови што доаѓаат и заминуваат, вистинското модерно...
Промени во телото низ трите триместри, од раст до оток
Бременоста е сложен процес во кој целото тело се приспособува за да со...
Секое бебе доаѓа на свет со свој уникатен генетски код, невидлив план ...
Овулацијата секогаш е на 14-тиот ден. Зошто ова е мит?
Една од најраспространетите заблуди поврзани со женскиот циклус е тврд...