|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прв знак на бременост или само циклус?

Редакција Рингераја, 6.6.2025
Кога се обидувате да забремените, секој грч или капка крв може да изгледа загрижувачки, но тоа може да биде добар знак!

image
Прв знак бременост
/11


Имплантацијата е процес кога оплодената јајце клетка се прикачува на матката и честопати предизвикува благи грчеви и слабо крвавење. Тоа е првиот тивок знак на нов живот.

Како се чувствува имплантацијата?

Имплантацијата најчесто минува тивко така што многу жени не чувствуваат ништо. Но кај некои, може да се јават лесни, повремени грчеви додека оплодената јајце-клетка се вгнездува во матката. Ако нема обилно крвавење, тоа најчесто е сосема нормален дел од раната бременост. И ако не почувствувате ништо, не грижете се, тоа е исто така сосема вообичаено.

Каде се чувствуваат имплантациските грчеви?

Имплантациските грчеви, ако ги има, најчесто се чувствуваат ниско во стомакот и во средишниот дел, а не само на една страна. Понекогаш може да се јави и блага болка во долниот дел од грбот. Тоа е реакција на матката која се подготвува за нов живот.

Кога се појавуваат имплантациските грчеви?

Имплантациските грчеви обично се јавуваат 7 до 14 дена по оплодувањето, што е приближно помеѓу 21-ви и 28-ми ден од менструалниот циклус. Тоа е периодот кога нормално би ја очекувале следната менструација. Траат кратко, најчесто еден до два дена, а понекогаш и до три.

Други знаци и симптоми на имплантација

Освен лесните грчеви, еден од честите симптоми на имплантација е и слабо крвавење. Оваа појава е различна од менструацијата. Се појавува светлорозова или кафеава нијанса и обично е во многу мала количина. Многу жени го забележуваат кога се бришат по користење на тоалет.

Најчести симптоми на имплантација:
• Лесни грчеви
• Слабо крвавење (спотирање)

Но, може да се појават и други рани знаци на бременост:
• Изостаната менструација
• Осетливи или надуени гради
• Мачнина, подуеност, замор
• Почесто мокрење или запек
• Засилен осет за мирис и одбивност кон одредена храна

Следете ги симптомите внимателно. Тие можат да ви помогнат да препознаете рана бременост и навреме да се консултирате со лекар.

Кога е најдобро време за тестирање за бременост?

Најчесто, лесното крвавење кое се јавува при имплантацијата може да се помеша со нормалната менструација. Но, ако крвавењето е значително поблагo и трае пократко од вообичаено, особено ако сте имале секс во периодот на плодност, тоа може да биде знак за имплантација.

За најточни резултати, препорачливо е да направите тест за бременост на денот кога ја очекувате менструацијата или неколку дена по тој датум.

Кои други причини можат да предизвикаат грчеви покрај имплантацијата?

Грчевите во долниот стомак не секогаш се знак за имплантација. Често, тие може да бидат поврзани со дигестивни проблеми како надуеност или стомачен вирус, кои предизвикуваат непријатност и спазми. Исто така, болката може да се појави при овулација, позната како мителшмерц, која се јавува на едната страна на стомакот околу средината на менструалниот циклус.

Важно е да знаете дека ако грчевите се силни, придружени со обилно светло црвено крвавење, треска или мачнина, тоа може да укажува на поопасни состојби како вонматерична бременост, цисти, воспаленија или други здравствени проблеми кои бараат итна медицинска интервенција.

Внимавајте на сигналите од вашето тело и не го игнорирајте интензитетот и времетраењето на грчевите. Раната проценка може да направи голема разлика во грижата за вашето здравје.

Како да ги ублажите грчевите при имплантација?

Ако грчевите при имплантација ви предизвикуваат непријатност, постојат неколку природни и безбедни начини да ги олесните:

  • Ставете топли облоги на долниот дел од стомакот или карлицата. Оптималнате температура на облогите да е под 37°C и ограничете ја употребата на 10 минути за да избегнете иритација.
  • Направете релаксирачка топла бања или туш кој ќе ви помогне за опуштање на мускулите.
  • Вежби за дишење и лесна релаксација може да помогнат да го намалите чувството на напнатост и болка.
  • Ако е потребно, земете безрецептен аналгетик, но пред тоа консултирајте се со вашиот лекар.

Со напредување на бременоста, причините за грчевите може да се променат, па ако почувствувате силна болка или други загрижувачки симптоми, веднаш контактирајте го вашиот матичен лекар.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да се подготвите ментално за гинеколо...
Посетата на гинеколог не е само медицинска процедура, тоа е и емоционално искуство, особено ако ви е првпат или имате не...
5
Дали обилното имплантациско крвавење е нор...
Имплантацијата може да предизвика благо крвавење, но што ако е пообилно од очекуваното? Што значи тоа и кога треба да се...
4
Како се менува телото во првиот триместар?
Од невидливи хормонски бури до првите надворешни знаци, што навистина се случува во телото на жената во првите 12 недели...
4
Гастритис – што е и како се лекува?
Гастритисот е воспаление на слузницата на желудникот, состојба која може да биде привремена или хронична и која влијае н...
4




Анкета

Независност.
Admin

Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.