008p во 14:36

Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.

Малку помалку пријатна страна на родителството: недостаток на сон!
Доенчето разликува ден и ноќ, повеќе спие ноќе (околу 10 часа), а му требаат уште три пати по два часа одмор во текот на денот. Повеќето доенчиња (пред се доени) се будат ноќе еднаш до два пати, заради хранење. Некои веќе спијат по шест часа во континуитет. Овој месец ќе забележите дека доенчето има воспоставено ритам на спиење и будност. Дневните одмори се отприлика во исто време. Навечер има свој час за спиење и наутро час за будење. Ако е изразито активно во време кога би требало да спие, размислете дали е можеби преуморено, затоа што неговата вообичаена динамика може да биде последица на замор. Многу уморните бебиња потешко заспиваат и понемирно спијат.
Во петтиот месец доенчето добива 140 гр. неделно (20 гр. дневно) додека во должина ќе порасне околу 2 cm. На пет месеци повеќето доенчиња ја дуплираат родилната тежина.
Држење на главата и развој на телото
Доенчето нема повеќе проблеми со држење на главата, вашата поткрепа повеќе не е потребна. Кога лежи на стомак го подигнува телото со помош на рацете. Од таа положба може да се преврти на грб (повеќето бебиња учат да се завртат од стомак на грб).Обезбедете му на Вашето дете сигурна околина за истражување и освојување на нови можности на телото. Во овој период детето е воодушевен истражувач. Доволно е да имате голем прекривач, или уште подобро подлога која може да ја ставите на подот или надвор на тревата.
>>
Повеќе
Доење
На четири месечно доенче потребни му се 6-8 оброци дневно (во тек на 24 часа). Повеќето доенчиња се будат 1-2 пати во текот на ноќта за хранење. Што се однесува до зачестеноста на хранењето најдобро е да се прилагодите на неговите потреби и да му ја понудите дојката секогаш кога има потреба за храна.
>>
Повеќе
Доенчето веќе има воспоставено свој ритам на спиење. Дневниот одмор е отприлика секој ден во исто време, навечер има час за заспивање и час за будење. Ноќе спие околу 10 часа и потребно му е уште околу три пати по два часа спиење во текот на денот. Повеќето доенчиња (пред се доените) се будат еднаш до два пати за доење.
>>
Повеќе
Вакцинација
Со наполнети четири месеци доенчето прима втора доза од вакцината против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и ХИБ тип Б. Во Македонија е задолжителна вакцинација против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и ХИБ тип Б, вакцинација против мали сипаници и заушки и рубеола, против жолтица тип Б и туберкулоза. Прочитајте го Календарот за вакцинација на Рингераја
>>
Повеќе
Тато, играј со мене!
Таткото има поинаков пристап спрема доенчето, отколку мајката. Поинаков е неговиот начин на тешење, на игра, накратко, моментите поминати со таткото се различни од моментите поминати со мајката. Така и треба да биде. Со тоа доенчето ја учи разнообразноста на социјалните контакти и емоционалниот одговор кон нив.
>>
Повеќе
Доенчињата кои живеат со насмеани родители, се смеат повеќе од нивните врсници кои се опкружени со сериозни и намуртени луѓе. Доенчето учи мимикрии преку имитирање на луѓето кои го опкружуваат.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Лекции за животот, раскажани од една мајка...
Рачно изработени подароци за 8-ми март
Кажете “Те сакам мамо!” со подарок од срце. Еве неколку идеи како да н...
Празникот со кој ја почитуваме жената, неслучајно е во март. Неслучајн...
Отворено со @dorss_single_mami
Во светот има голем број самохрани родители кои се соочуваат со предиз...
Необични и смешни факти за мајките
Нервоза, несоница, среќа, тага и воодушевување, се само некои од емоци...