Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Мачнината ја чувствувате се помалку. Да, секако... Добро, барем така би требало да биде.
Сеуште можеби имате мачнини или чувствувате замор. Тоа би требало наскоро да престане, а некои трудници ќе ги чувствуваат уште некоја недела.
Со ултразвучниот тест кој се вика нухална бразда се утврдува ризикот од Даунов синдром, односно трисомија 21. хромозом во плодот. Тоа е најчеста хромозомска неправилност кај живородените деца. До промени кај повеќето доаѓа случајно, во моментот на созревање на половите клетки кај еден од родителите, најчесто мајката. Стручните лица на сите трудници им го препорачуваат овој преглед!
Првото тромесечје наскоро ќе заврши, а со тоа и најкритичниот дел од развојот на плодот. Општата состојба би требало да се промени, но вистина е дека и понатаму можат да ве мачат главоболки. Овој пат поради зголемено количество на крвта во телото. Ако главоболката стане неподнослива, не одложувајте, барајте лекарски совет! Некои трудници се полни со енергија и креативни идеи за изгледот на детската соба, каква количка ќе изберат и каква облека ќе купат за своето бебенце... Други пак со доза на страв гледаат на иднината. Само без грижа, имате уште многу време да се запознаете со тоа мало човече кое расте под вашето срце!
<
Повеќе
Постелката почнува да ја врши својата задача и го обезбедува плодот со кислород и хранливи состојки кои му се потребни за растење и развој.
<
Повеќе
Кога веќе зборуваме за нухална транслуценција (бразда) – одете со идната мајка на тој преглед. Кај многу гинеколози присутството на таткото е посакувано. Прв пат ќе можете да го видите своето дете. И верувајте, по тоа искуство бременоста нема да ви се чини имагинарна. И уште нешто, многу татковци од...
Повеќе
Поканете го семејството на ручек и наздравете за бременоста. Не заборавајте на фотоапаратот, а фотографиите ставете ги во својот дневник на бременоста. Можете да ни ги испратите на info@ringeraja.mk или да ги објавите во алумите на Рингераја.
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...