Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Првото тромесечје наскоро ќе заврши, а со тоа и најкритичниот дел од развојот на плодот. Општата состојба би требало да се промени, но вистина е дека и понатаму можат да ве мачат главоболки. Овој пат поради зголемено количество на крвта во телото. Ако главоболката стане неподнослива, не одложувајте, барајте лекарски совет! Некои трудници се полни со енергија и креативни идеи за изгледот на детската соба, каква количка ќе изберат и каква облека ќе купат за своето бебенце... Други пак со доза на страв гледаат на иднината. Само без грижа, имате уште многу време да се запознаете со тоа мало човече кое расте под вашето срце!
Стомачето полека, но сигурно се заоблува. Уште малку и можете да го покажете на целиот свет!
И уште една добра вест – опасноста од спонтан абортус секој ден е помала. Иако сме цврсто уверени дека се ќе се заврши онака како треба, сепак ве предупредуваме дека постои и форум каде своите искуства ги делат и жени на кои бременоста не им била судена. Понекогаш е добро трудниците да не читаат такви информации, бидејќи на форумите судбината најчесто ја делат оние на кои им се случило нешто страшно. Психичката смиреност на идните мајки е многу важна и размислувањето за несреќни приказни често не е на место. Ако пред тоа ви беше страв да ја поделите радосната вест поради можниот абортус, сега веќе можете да да го направите тоа со сите луѓе околу себе!
Во овој период матката уште малку ќе се поткрене, и понатаму ќе расте за да му овозможи на фетусот простор за движење. Матката сега веќе нема да ја притиска бешиката, што значи дека нема да одите толку често во тоалет. Уживајте додека трае, бидејќи во последното тромесечје ќе се повтори приказната од почетокот на бременоста. Тогаш големата матка пред се поради тежината на плодот повторно ќе ја притиска бешиката.
Со ултразвучниот тест кој се вика нухална бразда, за кој веќе пишувавме во делот за 11. недела, се утврдува ризикот од Даунов синдром, односно трисомија 21. хромозом во плодот. Тоа е најчеста хромозомска неправилност кај живородените деца. До промени кај повеќето доаѓа случајно, во моментот на созревање на половите клетки кај еден од родителите, најчесто мајката. Ризикот од неправилностите расте со годините на жената (посебно по 35. година од животот на мајката) затоа и веројатноста за овие хромозомски неправилности расте. Стручните лица овој преглед го препорачуваат на секоја трудница, а не само на постарите, бидејќи 2/3 од децата со Даунов синдром се родени од млади мајки. Притоа можете добро да го погледнете бебето кое расте во вашето тело и можеби гинекологот, кој мора да има посебна лиценца за овој преглед, ќе ви го открие полот на бебето.
Плод во 12. недела
Тато во 12. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 11. недела
Следна недела: 13. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Во светот на модата постојат трендови кои доаѓаат и исчезнуваат со брз...
Нега на осетливата бебешка кожа по појава на осип
Кожата на бебињата е тенка, чувствителна и далеку помалку отпорна од к...
Влијание на тироидната жлезда врз породувањето
Тироидната жлезда е мала, но има огромно влијание врз целото тело, осо...
Трудна сум. Како да се соочам со таа нова реалност?
Постојат моменти во животот што го менуваат целиот наш свет за една се...
Како да се подготвите за родителство?
Подготовката за родителство не е листа која треба да ја „чекираме“, ни...