Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Ништо веќе нема да биде исто како што беше, откако имате бебе! Се ќе биде неспоредливо поубаво!
На доенчето му е потребен мирен и нежен родителски пристап. За да се чувствува добро, родителите мораат да го прилагодат својот начин на живот на новиот член на семејството. Намалете го темпото! Така порано и подобро ќе ги забележите сигналите со кои бебето Ви ги искажува своите желби и потреби. Одговарајќи на нив ќе допринесете за развој на здрав однос и меѓусебна поврзаност. Тоа е всушност почеток на комуникацијата меѓу Вас и бебето.
Во овој месец доенчето добива во тежина од 150-200 гр. неделно и приближно 3,5 cм. во должина.
Движења на бебето
Доенчето може во лежечка положба на стомак малку да ја подигне главата, но сеуште не е способно да ја држи подолго време исправена. Исто така сеуште неможе да се потпира на рацете, затоа што и рацете и нозете му се згрчени. Кога лежи на грб, раката и ногата, кои се на страната на главата, се испружени, а на спротивната страна се згрчени. Рацете и понатаму се стиснати во тупаници со палците одозгора. Движењата на рацете и нозете се и понатаму неконтролирани и без смисла. Пред крај на овој месец, поголемиот број на новороденчињата имаат толку цврсти вратни мускули што може на моменти да ја држат главата исправена, а после тоа главата им паѓа напред (постојаното држење на главчето е задолжително!) Кога сте со него, често ставајте го да лежи на стомак (на Вашите колена, или на кревет), колку повеќе ја исправа главата, толку побрзо ќе ги зацврсти вратните мускули.
>>
Повеќе
Доенчето веќе разликува ден и ноќ, така што веќе уредно спие (околу 10 часа). Преку ден треба приближно да преспие уште три пати по два часа. Поголемиот број на новороденчињата се будат ноќе два-три пати, заради хранење. Неки спијат по шест часа без престан, додека други во таа фаза доаѓаат по 5-6 месеци старост, а некои по година.
>>
Повеќе
Доење
Зачестеност на хранењето
Сега веќе го апсолвиравте доењето и обострано уживате во него. Сеуште е препорачливо зачестеноста на доењето да ја прилагодите со желбата на доенчето. Со тек на време тоа ќе воспостави свој ритам на хранење. Во вториот месец на повеќето доенчиња им се потребни 7-8 оброци дневно (во текот на 24 часа) Повеќето доенчиња се будат 2-3 пати за хранење во текот на ноќта, а некои спијат и 6 часа без прекин. Потребата за храна на доенчето обично расте во 3-та, 6-та недела, па во третиот месец, но може и било кога во времето на брз развој. Тоа се сосем природни скокови во растот и се манифестираат преку желбата за почесто доење.
>>
Повеќе
Контролен преглед и советувалиште за здрави деца
При прегледот најпрво ќе се сретнете со медицинската сестра која ќе го припреми здравствениот картон на доенчето, ќе го измери во тежина, должина и ќе му го измери обемот на главата. Избраниот лекар најнапред ќе поразговара со Вас за текот на бременоста, породувањето и прилагодувањето на новиот член на семејството. Важно е сите свои грижи, прашања и забелешки да му ги доверите на одбраниот лекар за да бидете мирни и задоволни. После тоа следува вакцинирањето на доенчето. Секоја примена вакцина се запишува во здравствената книшка на детето.
>>
Повеќе
Предвреме родени бебиња се бебињата кои се родени пред 37. недела од бременоста. Обично се се ниска родилна тежина, но можат да тежат и до 3000 грама.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Овошје, зеленчук или ориз со млеко?
пеперутка16
Како почнавте да воведувате цврста храна и дали сте задоволни од тој режим и реакцијата на вашето дете? Прво го претставивме: