Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Добре ни дојде драго новороденче!
Новороденчето се прилагодува за живот надвор од материцата и во тој период е најосетливо и потполно зависно од грижата и негата на родителите. Првиот месец е период на запознавање и прилагодување со семејството на новиот член. Тоа е многу убав и емотивен, но и доста напорен период.
Првата година, од раѓање па до првиот роденден, го викаме период БЕБЕ. Првите четири недели од животот дополнително ги дефинираме и викаме период НОВОРОДЕНЧЕ. Едно мало новороденче веќе држите во прегратка!
За породилната тежина
Просечна породилна тежина на новороденчето е 3.340 грама. Поголемиот број на бебињата при раѓање имаат тежина меѓу 2.500 и 4.100 грама (машките бебиња се малку потешки од женските, а првородените деца, во однос на помладите браќа или сестри, се родени со помала тежина) .Здравото новороденче може после раѓањето да изгуби неколку грама (5-10 % од родилната тежина) пред сe заради исфрлање на првата мокрача и мекониумот и заради малата количина на течности која се внесува, во однос на количината течности која се губи.
>>
Повеќе
За да преживее , на новороденчето му помагаат рефлексите
Бебињата се, по доаѓањето на свет, добро подготвени за живот но сепак за правилен раст и развој им треба многу љубов, нежност и нега од родителите. На дразбите од околината бебињата реагираат рефлексно (ненамерно), што им помага да преживеат надвор од материцата. Овие рефлекси се вродени и некои од нив исчезнуваат после неколку недели, а некои остануваат и неколку месеци. Бебињата ја препознаваат мајката со помош на сетилото за вид, мирис и слух, а со помош на миризбата и вродениот рефлекс на цицање ја пронаоѓаат мајчината дојка и почнуваат да цицаат.
>>
Повеќе
Доење
Доењето му гарантира на доенчето квалитетна исхрана, заштита од инфекции, ја намалува опасноста од алергии на храна и му дава чувство на љубов и сигурност. Доењето има поволно влијание на психо-физичкиот развој на штотуку роденото бебе. Позитивно влијае и на мајката и на поврзаноста меѓу мајката и детето. Освен горенаведените позитивни страни, доењето е најповолната исхрана за Вашето доенче.
>>
Повеќе
Биоритам
Новороденчето нема вграден внатрешен часовник, за да разликува ден и ноќ. Во почетокот периодите на спиење и будност се распоредени подеднакво во текот на денот и ноќта (24 часа). Невролошкиот развој постепено води до се подолги периоди на спиење и будност. И сами можете да влијаете на ритамот на спиење така што во текот на денот повеќе ќе се занимавате со новороденчето, а ноќе ќе го храните и пресоблекувате на пригушена светлина.
>>
Повеќе
Апгар тест
Бабицата (односно педијатарот, ако е присутен на пораѓајот) го оценува доенчето спрема Апгар скалата веднаш по раѓањето и пет минути по раѓањето. Со оценка од 0-2 се оценува бојата на кожата кај новороденчето, дишењето, срцевите отчукувања, тонусот на мускулите и рефлексите. Оценките се собираат и даваат вкупна оценка помеѓу 0 и 10. Тие покажуваат во каква состојба, односно во каква кондиција е вашето новороденче, по раѓањето и дали му треба помош од педијатар , неонатолог. Оценките од 0-3 се ниски и на таквите новороденчиња им е потребна итна помош од лекар. Од друга страна оценките од 7-10 значат дека доенчето е во добра кондиција и дека не му треба дополнителен надзор.
>>
Повеќе
Да се запознаеме!
Првиот месец е период на запознавање, воспоставување на поврзаност со доенчето и прилагодување на семејството на новиот член. Тоа е многу убав емоционален , но исто така и многу напорен период. Новопечени татковци – и Вие бидете дел од тоа единствено доживување, запознајте се со Вашето дете и поставете сигурни темели на Вашиот однос и семејната среќа. На новопечената мајка сега и е потребна Вашата помош и поддршка. Нема подобро време за годишен одмор од првиот месец по раѓањето на Вашето дете.
>>
Повеќе
Играта го поттикнува детскиот развој
Играта е забавен начин на поттикнување на детскиот развој. На доенчето играта му помага да го запознае сопственото тело и светот кој го опкружува. При играта доенчето ги користи и развива сите свои сетила. Во првиот месец играта мора да биде нежна и краткотрајна, затоа што новороденчето брзо се уморува. Ќе ужива ако му пеете (иако не сте талентирани), посебно му се допаѓа Вашиот глас, заради тоа често разговарајте со него, можете дури и гласно да му читате весник. Нежно заиграјте со него на некоја музика или застанете до прозорецот и опишувајте му го надворешниот свет. Кога времето е убаво изнесете го надвор, да ги слушне звуците на околината и да го почувствува свежиот воздух. Не заборавајте на адекватна заштита од сонце или ветар.
>>
Повеќе
Предвреме родени бебиња се бебињата кои се родени пред 37. недела од бременоста. Обично се се ниска родилна тежина, но можат да тежат и до 3000 грама.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Водич за спиење на бебиња | Што да очекувате?
Спиењето на бебето може да биде предизвик за новите родители. Додадете...
Зелена или кафена плодова вода!? Што значи тоа?
Не паничете! Ако вашата плодова вода ја променила бојата, лекарите се ...
Грижата за забите започнете ја уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Врската меѓу оралното здравје и функцијата на мозокот
Сите знаеме дека секојдневното четкање и употребата на конец може да с...
Дали да се депилирате (или не), пред породување?!
Ќе боли ли како пекол? И уште поважно, дали е безбедно? Слушнавме дека...
Големината на градите по доењето.
пеперутка16
Дали вашите гради останале исти по доењето или се помали/поголеми од пред бременоста и доењето?