|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Здравје и нега

Апгар тест
Бабицата (односно педијатарот, ако е присутен на пораѓајот) го оценува доенчето спрема Апгар скалата веднаш по раѓањето и пет минути по раѓањето. Со оценка од 0-2 се оценува бојата на кожата кај новороденчето, дишењето, срцевите отчукувања, тонусот на мускулите и рефлексите. Оценките се собираат и даваат вкупна оценка помеѓу 0 и 10. Тие покажуваат во каква состојба, односно во каква кондиција е вашето новороденче, по раѓањето и дали му треба помош од педијатар , неонатолог. Оценките од 0-3 се ниски и на таквите новороденчиња им е потребна итна помош од лекар. Од друга страна оценките од 7-10 значат дека доенчето е во добра кондиција и дека не му треба дополнителен надзор.

Посета на патронажна сестра

Еден ден по доаѓањето од болница, дома ќе ве посети патронажна сестра. Целта на нејзината работа е здрав психофизички развој на детето и благовремено откривање на фактори кои можат да пречат во развојот. Нејзината работа вклучува и практично учење и советување во домашното опкружување, прилагодено на потребите на мајката и детето. Ќе ве советува околу доењето, негата на доенчето, чистењето на папчето и обично прва треба да го избања доенчето (откако ќе му падне папчето).

Физиолошка жолтица

Кај една третина од новороденчињата третиот ден по раѓањето се јавува физиолошка жолтица (жолто обојување на кожата и очите) што е последица на акумулирањето на билирубин (продукт на разградувањето на црвените крвни зрнца кој се разградува во црниот дроб) . Кај новороденчето се создава повеќе билирубин, отколку што неговиот незрел црн дроб може да преработи. Благата жолтица настанува по неколку денови и не е потребно да се лекува. Потешките облици на физиолошка жолтица успешно се лекуваат со сончање на новороденчето под неонска светлина.

Систематски преглед

Целта на систематскиот преглед е следење на растот и развојот, утврдување на физичкото и психичкото здравје со цел што порано да се откријат можни болести и потешкотии. На тој начин може порано да се делува, лечи или рехабилитира. Со прегледите исто така може да се откријат неповолни социјални фактори и негативни навики во семејството, или околината каде живее детето. Во претшколската возраст прегледите се вршат на 1.,3.,6.,9.,12. и 18 месеци старост, а после тоа во 2-та и 4-та година. Уште во породилиштето ќе ви дадат упатства за првиот педијатриски преглед. При прегледот најнапред ќе се сретнете со медицинската сестра која ќе го подготви здравствениот картон на новороденчето, ќе го измери колку тежи, ќе му ја измери должината и обемот на главата. Избраниот лекар најпрво ќе поразговара со вас за текот на бременоста, породувањето и прилагодувањето на новиот член на семејството. Важно е сите свои грижи, прашања и забелешки да му ги доверите на одбраниот лекар за да бидете мирни и задоволни. После тоа следува вакцинирањето на доенчето.

Вакцинација

Во Македонија е задолжителна вакцинацијата против дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица), детска парализа, хемофилус инфлуенце тип Б, потоа вакцинација против мали сипаници и заушки и рубеола, како и вакцинација против жолтица тип Б и туберкулоза. Првата вакцинација се дава уште првиот ден по раѓањето, вакцина против жолтица тип Б. Погледајте го Календарот на вакцинација на Рингераја

Моето новороденче има долги нокти

Новороденчињата често имаат долги нокти (некои веќе се раѓаат со огреботини), затоа ставете им на рацете посебни ракавички, или мали чорапчиња за да не се изгребат на лицето. Што се однесува до првото сечење на ноктите посоветувајте се со бабицата или педијатарот, а можете да побарате помош и од патронажната сестра. Најлесно ќе ги исечете ноктите на доенчето додека спие. Секогаш користете посебни ножички за бебе кои имаат заоблени врвови и немаат остри рабови. Иако можеби ќе ви биде страв да сечите нокти на малите прстенца, морате тоа да го направите за да не се изгребе доенчето.

Неспуштени тестиси

Тестисите се развиваат во стомакот, а од абдоменот се спуштаат околу 34. гестациска недела. Отприлика 4% од доносените и 30% од недоносените момчиња, по раѓањето имаат неспуштени тестиси. Вообичаено, тестисите се спуштаат до 6-от месец на животот. Ако тестисите не се спуштат до првата година, потребно е лечење. Најчесто со хируршки зафат се преместува тестисот кој останал во абдоменот во правилна положба во скротумот. Лечењето е нужно затоа што неспуштените тестиси можат да предизвикаат неплодност, или да развијат канцерогени промени.

Прочитајте уште

Моето новороденче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме



Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?