Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Без разлика на фактот дека раѓањето на детето е повеќе од посебно доживување, тоа е сепак напорен период, посебно за млада мајка. За утеха нека ви биде податокот дека со староста на бебето е попредвидливо неговото спиење, а со текот на времето ќе се нормализира и состојбата на вашето тело – повторно ќе се чувствувате добро. Времето решава бројни проблеми, но треба да се погрижите и за сегашноста.
Затоа ќе ви понудиме некои решенија, како повеќе да спиете, да се одморите и така да се чувствувате подобро.
- Спијте кога спие вашето дете. И 20-минутно дремење може да ви даде доволно енергија да издржите долго попладне. Ако не можете доволно да се опуштите за да задремете, сепак малку одморете, кренете нозе, разгледајте списание или книга. Сепак, имајте на ум дека попладневното дремење може малку да влијае на ноќното спиење.
- Навечер не станувајте. За ноќното доење детето нека ви го донесе партнерот, или детското креветче поставете го блиску до својот кревет. Заради ноќното станување ќе ви биде тешко повторно да заспиете. Со текот на времето можете млекото за доење и да го истиснете и така некои ноќни обврски да ги „префрлите на грбот на партнерот“.
- Движете се. Факт е дека и мала прошетка на воздух ќе ви помогне да се чувствувате помалку уморни. Таа прошетка ќе ви помогне навечер полесно да заспиете.
- Побарајте помош од партнерот, фамилијата, пријателите. Во никаков случај не подготвувајте ручеци или вечери за пријателите или фамилијата. Оставете нечисти садови и неиспеглана облека. Прифатете ја понудената за помош и тоа време искористете го за одмор.
- Со храна собирајте енергија. Во тој период битно е да се храните урамнотежено. Ако доите многу е битно покрај урамнотежената исхрана да јадете и често, затоа што со доењето побрзо трошите калории.
- Менување на ноќните смени: со партнерот може да се договорите за ноќни станувања така што една ноќ тој внимава на детето, а другата вие или едниот од вас да внимава до два наутро, а другиот потоа.
- Одвоени соби. Кога навистина ви треба одмор, а детето е посебно немирно, можете една, до две ноќи да спиете во друга соба.
- Во доцни попладневни или вечерни часови избегнувајте кофеин, никотин и алкохол.
- Погрижете се спалната соба да е добро проветрена, во неа да е соодветната температурата (повеќето луѓе подобро спијат во постудени простории) и да нема премногу бучава (од сообраќај и сл.).
- Ако и после 30 минути не можете да заспиете, прејдете во друга просторија и слушајте мирна музика додека не заспиете.
- Кога ќе ја завршите вечерната рутина за детето, направете го истото и за себе. Еден час пред спиење на пример дозволете си да лежите во полна када, шоља чај или топло млеко и смирете се со добра книга.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Мајчинство и сексуалност. Како се менува интимноста?
Мајчинството е патување исполнето со љубов, предизвици и големи промен...
Како да се справиш со првите мајчински стравови?
Стекнувањето на титулата мајка е едно од најубавите, но и најпредизвик...
Секој ден ни е подарен како празна страница. Но, често, наместо да ја ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?