Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Асоцијација на бременост? Во оваа недела мачнини, секако.
Мачнината е една од најчестите знаци, а настанува поради хормонот HCG (Human chorionic gonadotropin) кој се појавува во бременоста. Овој хормон ја поттикнува штитната жлезда да лачи поголема количина на тироксин, кој е задолжен за регулирање на метаболизмот. Оваа недела е период на интензивен развој на органите и ткивата на ембрионот.
Еден од најинтересните знаци на бременоста е постојаната поспаност на идната мајка. Веќе се прозевате? Па што тогаш правите пред компјутер? Право во кревет! За убав сон никогаш не е доста!
<
Повеќе
Неверојатно, но вистинито! Зачетокот од 5. недела па натаму се вика ембрион и во овој период почнува интензивен развој на органите и ткивата. Секој момент ќе почне да чука и срцето! Оваа недела може при ултразвучниот преглед да се види на кој крај е главата на ембрионот. Фолната киселина која сеуште редовно ја земате ќе се погрижи кичмениот канал, кој во оваа недела почнува да се затвора, правилно да се развие.
<
Повеќе
За време на радоста додека го очекувате новиот член на семејството очекувајте промеливо расположение од идната мајка. Повеќе пати ќе се случи да бидете криви за се. Не земајте го тоа при срце, што поладно ги поднесувате овие емотивни испади, толку побрзо ќе престанат.
<
Повеќе
Во брзиот ритам на живот најчесто забораваме на малите радости кои ни го разубавуваат денот. Одвојте еден ден за купување на цвеќе. Убав букет ќе ја разубави домашната маса и масата на работа. Или можеби повеќе сакате цвеќе во саксија? Можеби сакате кактус? Влезете во првата цвеќара или во онаа која ви ја препорачале другарките и дозовлете и на идната мама најубав цвет.
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...