Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Неверојатно, но вистинито! Зачетокот од 5. недела па натаму се вика ембрион и во овој период почнува интензивен развој на органите и ткивата. Секој момент ќе почне да чука и срцето! Оваа недела може при ултразвучниот преглед да се види на кој крај е главата на ембрионот. Фолната киселина која сеуште редовно ја земате ќе се погрижи кичмениот канал, кој во оваа недела почнува да се затвора, правилно да се развие.
Веќе од почетокот зборуваме за зачеток - ембрион, а тој се наоѓа во гестациска вреќичка која го штити. Во неа се излачува плодова вода. Ембрионот е голем од 1,5 до 2,5 мм, а составен е од три слоја. Од надворешниот ќе се развие нервниот систем, мозокот, кичмата, кожата и косата. Од средниот слој ќе се развие срцето, васкуларниот систем, коските, мускулите, бубрезите и репродуктивните органи. Од внатрешниот слој ќе се развијат цревата, црниот дроб, панкреасот и бешиката. Во оваа фаза најбрзо се развива срцето и васкуларниот систем.
Мама во 5. недела
Тато во 5. недела
Слични артикли:
Токсоплазмоза
Претходна недела: 4. недела
Следна недела: 6. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост