|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Испитувања во бременоста
16.6.2009 13:39:21   
Еца
На крајот од првото тромесечје (11-12 ГН) се врши вагинален ехо-преглед, при што се мери нухалната тренслуценција (раслојување на тилниот дел на бебето), носната коска на фетусот, како и колор-доплер испитување на протокот на крвта во дуктус венозус (крвен сад кој ја поврзува папочната врвка со десното фетално срце). Целта на овие три испитувања на бебето во првото тромесечје на бременоста е да се процени ризикот од хромозомните аномалии, како тризомија 13, 18, 21, Турнеровиот и Клајнфелтеровиот синдром и да се индицираат евентуалните понатамошни испитувања.

Во периодот од 15-та до 18-та гестациска недела, се изготвува таканаречениот Triple тест - биохемиско испитување на крвта на бремената жена - алфа-фетопротеин, бета-HCG, естриол или Double тест-испитување на алфа-фетопротеин и слободен бета-HCG. Ако овие два теста се позитивни, тогаш се индицира амниоцентеза, аспирирање на плодовата вода, за да се изврши хромозомно испитување за аномалии на плодот.

Дали и што направивте од овие испитувања за време на вашата бременост?


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Испитувања во бременоста
19.6.2009 14:51:22   
mami
вака кога ке слушнам толку стручно напишани ништо не разбирам user posted image мене ми правеше вагинално ехо првите два месеца и после тоа само обично ехо, три пати ми зема брисеви и тоа беше тоа...посебни испитување немало, барем колку што ми кажал менеuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Испитувања во бременоста
1.7.2009 13:03:01   
srnicka
Jas vo petok ke odam na eho za organite (screening ) i malku me faka panika, kako ke e , sto ke mi kaze doktorkata, dali e se vo red so bebceto

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Испитувања во бременоста
1.7.2009 13:10:22   
mami
срничка, немаш гајле и јас се тресев секој пат кога имав закажано на ехо, и секој пат си правев луди филмови што се може да ми каже , се додека еден пат докторот не ми објасни убаво дека нема што да се секирам, ако мрдка се е во ред, и плус дека ако на едниот преглед  било се супер, нема зошто и многу е мала шансата на следниот нешто да не чини...не се секирај, се е супер сигурно..ајде па пиши ни утре како си поминала

(Одговор на членот srnicka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Испитувања во бременоста
1.7.2009 13:12:37   
srnicka
Fala mami, ama takva sum panicarka po priroda i vistinski se plasam. Znam deka nemoze nisto tuku taka loso da se sluci, ama toa e. Ke vi pisuvam vo petok posle pregled sto e i kako e.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Испитувања во бременоста
1.7.2009 13:21:10   
Еца
Срничка те чекаме во петок мила, иако знам дека ќе ни пишеш дека се е во ред, сепак ќе почекаме само писмена потврдаuser posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот srnicka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Испитувања во бременоста
12.8.2009 13:28:43   
Еца
Вака имам едно прашање: дали сите испитувања, меѓу кои и она за Даунов синдром се покриени од основното здравствено осигурување или за одредени испитувања (поточно за Дауновиот синдром,) се наплаќа? 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Испитувања во бременоста
12.8.2009 13:42:14   
Iva
Ако мајката е постара од 35 год. тогаш Фондот за здравство целосно ги покрива трошоците за испитување на Даунов синдром. Но секако треба да се добие комисиско одобрување. Во некои случаеви како кај мене поради фамилијарен случај на Даунов синдром можат да одобрат и на помлади од 35 год. Во првата бременост едвај со врски ми одобрија, не знам зошто не сакаа, а вториот пат без проблеми поминав на комисија. Иначе приватно беше околу 15 000 ден., ама не ме фаќајте точно за збор.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 10:45:13   
Sara
Јас сакав да прашам дали во текот на бременоста правевте испитувања на трансфузиологија за фактори на хемостаза, д-димери и слично.
Јас колку што сфатив ова се многу битни испитувања во текот на бременоста бидејќи укажуваат на ризични ситуации за мајката кои може да се контролираат со соодветна терапија. Кои беа вашите резултати?

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 13:20:11   
mimicka
Јас ги правев тие испитувања на трансвузиологија во 35 недела од бременоста. Сите параметри ми беа во граница на нормалата освен Д-димери малку покацени но др ми каза дека тоа е нормално за бременост. Немав потреба од никаква терапија. Ако ме служи помнењето ми се чини за во бременост е нормално да се до 1000 ама не ме држете за збор. Јас малку се испласив зошто ми го прават тоа испитување но подоцна ми објаснија дека е многу важно и е добро превентивно да се направи пред се за мајката. Со плав картон е 700 ден а приватно е 5000 ден. 

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 13:58:59   
zami
So prvoto dete site kontroli bea obicno eho so komentar ,,se e dobro, aj sega odi si doma,,
ama zaradi stravot da go vidam deteto zdravo i zivo nadvor od mene ne dozvoliv ni edno partalce da se kupi pred da se rodi.
Stravot sega e pogolem (ne sum bremena seuste) bidejki imav eden nameren abortus bidejki vo 4 nedala na mojata bremenost sin mi imase RUBEOLA i preporakata na site (sem na ginekolozite) bese abortus poradi golem rizik od mozocni anomalii i sl.
Inaku kako sovet za idnite majki site zarazni bolesti sem RUBEOLATA nemaa nikavo vlijanie vrz plodot
Sega imam uplav kako da bidam sigurna deka ke rodam zdravo i pravo dete.

(Одговор на членот mimicka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 14:26:12   
alex_mo
Zami da te "smiram".Bratucetka mi e skoro 40god,a tetkami vo bremenosta so nea vo poodminati meseci imala rubeola, i nikoj ne i predviduval deka se ke bide ok.Samo da spomenam deka tetka mi bese voen lekar i bidejki nemala drug izlez ostavila da ceka.Ima znaci kako sto pisav super kerka koja vo momentov doktorirase,zboruva tecno 5 jazika i e vrven profesor na fakultet vo Belgrad.Znaci se e gospodovo....Pozzz...

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 18:27:19   
Sara
Mimicka баш ми е драго што некој има со слично искуство, инаку мене од 28-30 недела димерите ми беа ОК ама во 35 недела ми рипнаа на 1100 и ми ја покачија терапијата со инекции што веќе ја примав дупла доза,сега во среда ќе одам пак да испитувам ама многу ми е страв бидејќи гарант пак ќе ми ја покачат дозата на инекциите а тие може да доведат до ризичен пораѓај.

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 18:42:14   
arh_diz
Koi inekcii gi dobivas za dimrot i jas bev vo slicna situacija

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 19:02:24   
Sara
Па јас ги примам инекциите Клексан од 40 мл, веќе отворив една тема за Clexane-инекции за време на бременост па ако имаш слично искуство пиши тука или таму би ти била благодарна Поздрав

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 19:11:11   
arh_diz
Nesakam da te zaplasuvam no sovetuvaj se voenata bolnica kaj Zan Mitrev . Jas  primav 0 6 i mi se javi krvotecenie ginekologot rece deka e od inekciite  i deka e se vo redi prodolziv da gi primam. No doktorite ne mozea da go sporat krvarenjeto i abortirav. Sega odam na ispituvanja kaj Zan Mitrev tamu vednas mi rekoa deka dozata na kleksan bila golema , ispituvanje na krvta ednas nedelno e zadolzitelno ( koe jas ne go pravev ) hemoglobinot mi bese mnogu nizok.Sega uste gi primam tie inekcii iako ne sum bremena doza 08 nikako da se namali dimerot
Ti posakuvam sreka

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 19:18:25   
Еца
арх_диз во која недела абортираше.Мислам дека овие инекции се задолжителни доколку нависитна постои проблем, а Сара е веќе во поодмината бременост, така да од она што имам прочитано за нив, може да предизвикаат нус појави, но без нив може да биде уште полошо, и за мајката и за плодот.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 19:21:04   
arh_diz
Vo 14 nedela abortirav. Da inekciite se zadolzitelni  se soglasuvam so tebe, no zadolzitelno e da se odi kaj doktor koj e specijalist a ne ginekolog. Jas odev samo kaj mojot ginekolog .

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 19:31:14   
Еца
Баш ми е жал, ти посакувам од се срце работите да се средат и да ја исполниш својата желба да станеш наша user posted image Не е лесно, но мора човек да издржи за да стигне до својата цел, а во твојот случај бебеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 19:58:18   
arh_diz
Da sekako taka e imas pravo .Sepak treba da se vnimava vo rok od ovie nepolni dva meseca bev i nadvor od drzavava  na ispituvanja i se ama se e dzabe koga e veke kasno.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Испитувања во бременоста
17.8.2009 23:26:04   
Sara
Многу ми е жал што тоа така се завршило, но изгледа кај тебе се појавил еден од тие несакани ефекти - а тоа е обилно крварење, и функцијата на инекциите е всушност таа - да го забрзаат крвотокот и да те заштитат од тромбоза - згрутчување на крвта.
Јас почнав да ги примам инекциите поради промени во постелката - предвремено стареење и крварење и фала богу мене па ме спасија од предвремено пораѓање - крварењето престана а бебето супер си напредува и покрај зрелата постелка.
Е сега мене ме плаши тој момент што ќе се случи за пораѓајот да не ми се јави тогаш обилно крварење - ама со Господ напред.
Инаку обавезно консултација и со друг доктор, мојот гинеколог ми ги прегледуваше резултатите но со претходна консултација со трансфузиолог и по негова препорака што да се прави понатака, инаку за дозата мојот гинеколог одлучи иако на трансфузиологија ми препорачуваа дупло поголеми дози ама па и мене ми беше страв да не е премногу голема дозата.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Испитувања во бременоста
18.8.2009 9:49:50   
arh_diz
Jas kako sto imam citano po forumi , a i se konsultirav so zena koja  go imala istiot problem poragajot pominal super ne plasi se bez nikakvi krvarenja . Samo posle poragajot treba da gi primas inekciite uste a kolku toa ke ti kaze doktorot.I obavezno na poragajot da nosis corapi koi ja podobruvaat cirkulacijata , radi venite .
A zasega kupi si hulahopki ili corapi  koi ja podobruvaat cirkulacijata i nema da ti otekuvaat nozete sigurno ti go kazal toa tvojot ginekolog.Mozebi se malku poskapi od obicnite no super se .

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Испитувања во бременоста
24.8.2009 14:30:57   
Viki73
I mene mi gi merea proporciite ne bebeto,se e vo red samo doktorot me prati na ispituvanje za Daunov sindrom,jas bev privatno,vo Avicena,mi zemaa krv,za dva dena rezultatite mi bea dobri(fala mu na Gospod).Ne sum ni znaela deka moze toa da se4 ispituva i vo drzavna,vamu e 3800 denara,rezultatite se za eden den.Doktorot mi rece deka ako na ovie ispituvanja rezultatite se vo red nema potreba od aminocinteza.Sega uste treba da napravam ispituvanje na krv,mokraca,brisevi,ne znam kako treba,vo sreda sum na lekar pa ke vi kazam.Pozdrav do site.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Испитувања во бременоста
13.10.2009 8:50:20   
happy mommy
Во период од 8 до 14 недела се врши испитување на крвта за да се провери бебушот за Даунов синдром, за ова добив упат во Авицена и треба да одам на ова испитување ама не знам дали воопшто да го правам. Со првата бременост не го правев а и со пријателки што имам разговарано ми кажаа дека воопшто не го направиле тоа испитување  , доволно било само 4Д во 20 та недела.
Дали го имате направено ова испитување ?

(Одговор на членот Viki73)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Испитувања во бременоста
13.10.2009 9:02:01   
ripce
не... синдромите се карактеристични за бременост во поодминати години... а јас имав 18, мислам дека затоа и не го правев тоа испитување... но во принцип јас сум за тоа да се направи секое испитување

(Одговор на членот happy mommy)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?