Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Единствено вашето тело знае дека сте бремени.
Ако на крај од оваа недела направите тест за потврдување на бременоста , сигурно ќе покаже и втора црта, црта на животот. Честитаме на сите кои овој резултат го очекувале, односно силно го посакувале, а посебно честитки за оние кои цртата ги погоди како гром од ведро небо!
А да не дојде до забуни, две црти значи: БРАВО ТАТО! БРАВО МАМА!
Додека вие ја чекате менструацијата, вашето тело веќе знае дека се случува нешто важно! Ако на крај од оваа недела направите тест за потврдување на бременоста, сигурно ќе покаже и втора црта, црта на животот. Честитаме на сите кои овој резултат го очекувале, односно силно го посакувале, а посебно честитки за оние кои цртата ги погоди како гром од ведро небо! Почнува прекрасен, но и посебен период во вашиот живот! Во аптека можете да купите повеќе различни брзи тестови за потврдување на бременоста на основа на хормонски гонадотропин, хормон кој трудниците го лачат во урината. Така настанува таа тајновита втора црта која можете да ја видите на малиот прозорец од тестот кој сте го ставиле во урина. Некои тестови се почувствителни од други, затоа не е добро тестот да го направите првиот ден откако ви доцни менструацијата или на попладневна урина. Ако брзиот тест е негативен, докторите препорачуваат да се повтори по една недела.
<
Повеќе
Во оваа недела оплодената јајце клетка достигнува должина 0,1 милиметар, го завршува својот пат низ јајцеводот и стигнува до матката. Таму бара најсоодветно место и се вгнездува во меката слузокожа која еден месец се подготвувала за нејзиното доаѓање. Дури пред вгнездувањето ембрионот поради клетките кои се делат и стануваат многубројни, се преобликува во меур кој се нарекува бластоциста чиј радиус изнесува 0,2 мм.
<
Повеќе
Подгответе се за голем настан - направете го и прочитајте го тестот за потврдување на бременоста! Всушност идната мајка ќе го направи, а вашата задача е да го прочитате резултатот и правилно да изреагирате на него. На првиот, вториот и третиот тест! Сите ќе покажат исто: создадовте нов живот!
Повеќе
Дозволете си излет во својата омилена продавница за козметика. Прегледајте ги сите полици, одберете скап производ кој инаку никогаш не би го купиле и угодете си.
забава Бремените
Автор: bobik
Го видовте позитивниот тест? Еве што следува
Позитивниот тест за бременост носи мешавина од радост, возбуда и безбр...
Како да го подобрите квалитетот на спермата?
Квалитетот на спермата зависи од повеќе фактори како исхраната, физичк...
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, о...
Одмор покрај езеро може да биде прекрасна можност семејството да побег...
Моето тело знае како да го поддржи моето бебе
Бременоста е период во кој телото прави неверојатни промени. Од првите...