Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Доењето, пресоблекувањето и бескрајно долгите прошетки со количка, уште некое време ќе бидат Вашата главна преокупација.
Сеуште е рано да се зборува за разгалено дете, затоа што неговите желби се еднакви на неговите потреби, па нема да го разгалите ако го смирувате неговиот плач.
На доенчето му е потребна барем една сакана личност, со која ќе може да развие посебен однос. Обично тоа е мајката. Односот полн со љубов, грижа и нега му овозможува да се чувствува сигурно и прифатено. Притоа, во првата година, таквиот однос е потребен за правилен социјален, емоционален и ментален развој. Запамтете дека позитивните искуства во овој период се незаменливо животно богатство за детето.
Во првите месеци растењето во должина е отприлика со 3.5 cм. месечно. Во тежина доенчето ќе добива по 30 гр дневно. Тоа значи дека Вашето бебе, при крајот на третиот месец, ќе биде за 10,5 cм. подолго и 2500 гр. потешко отколку при раѓањето. Сепак треба да знаете дека ова се општи рамки и дека се можни отстапувања.
>>
Повеќе
Држење на главата
Во третиот месец доенчето веќе може да ја држи главата исправена, но и понатаму му е потребна Ваша помош при подигнувањето. Кога лежи на стомак ја подига главата и предниот дел на градниот кош. Притоа се потпира на лактите и често со прстите тапка по подлогата. Со тоа ги зацврстува вратните мускули.
>>
Повеќе
ДОЕЊЕ
Ритам на хранење
Доенчето веќе има воспоставено ритам на хранење и во третиот месец му се потребни 6-8 оброци дневно (во текот на 24 часа). Повеќето доенчиња се будат за ноќен оброк два до три пати, а некои спијат и по 6 часа континуирано. Неговата потреба за храна обично се зголемува во 3-та и 6-та недела, па во 3-от месец, но може и било кога во тек на развојот. Тоа се сосема природни скокови во растот, кои се дел од развојот и кои се манифестираат како желба за почесто доење.
>>
Повеќе
Ритам
Ритамот на спиење на доенчето полека се нормализира и тоа разликува ден и ноќ. Ноќе спие околу 10 часа и потребно му е да спие уште 3 пати дневно по два часа (доенчето е во будна состојба непрекинато околу 2 часа). Повеќето доенчиња се будат два до три пати во текот на ноќта за хранење. Ако Вашето бебе спие шест часа без да се разбуди, сметајте дека сте едни од најнаспиените родители, затоа што повеќето бебиња толку спијат од 5-6 месец, а некои дури по првата година.
>>
Повеќе
Покачена телесна температура
Порано или подоцна ќе се сретнете со покачена телесна температура кај детето. Најчести причинители се инфекции на дишните патишта. Причина може да бидат и бактериски инфекции или претоплување заради надворешниот извор на топлина. Други причини се ретки.
>>
Повеќе
Дали можам да го разгалам доенчето
Стручњаците тврдат дека неможеме да ги разгалиме доенчињата во првата половина од првата година на животот. Заради тоа можете, без чувство на вина да ги опсипувате со внимание. Препорачливо е што повеќе да му зборувате и да се занимавате со него, затоа што ќе биде позадоволно и поразиграно. Бебето за кратко време ќе си игра само со своите гласови и прсти.
>>
Повеќе
Најдобра забава за доенчето
Најдобра забава за доенчето е дружење со родителите. Ужива во разговорите, насмевките, пеењето, гледањето во очи – задоволно е ако може да биде во Ваша близина. На тој начин доенчето си игра, учи и се запознава со родителите.
>>
Повеќе
Повеќето доенчиња до четири или шест месеци плачат без солзи, бидејќи солзните канали не им се сеуште потполно отворени.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Што се ќе научиш кога ќе станеш мајка?
Ќе научиш да се тушираш за 48 секунди и попатно да ја измиеш и кадата,...
Како се изведува амниоцентеза?
Пренаталната дијагностика е збир од дијагностички процедури кои овозмо...
20 сосема "нормални" причини за детето да вришти
Дали ви доаѓа да плачете кога вашето дете вреска за неразумни работи? ...
Зошто се` мора да се повтори 100 пати?
Во секојдневието на скоро секој родител, едноставните задачи упатени к...
Редослед на никнување на запчињата
Времето на никнување на првото запче е различно кај сите бебиња. Има б...
Бременост и сопруг/сопруга.
пеперутка16
Дали вашиот сопруг/сопруга знае во која недела сте бремени?