Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
На секој родител најважна му е безбедноста на своето дете, па затоа се одлучува да купи седиште за во автомобил. Меѓутоа, родителите често не знаат какво седиште да купат поради големиот избор на седишта од различни произведувачи, модели и секако цени. Сепак најважно е во продавниците да знаат да ни дадат соодветен совет. Би било добро да го поведеме и детето за да го ставиме во различни седишта кои одговараат за неговата возраст, и да го одбереме она во кое детето ќе се чувствува удобно, а со тоа и нам возењето ќе ни биде олеснето.
Најбитен совет е седиштето за во автомобил да одговара на возраста и тежината на детето. Долу се наоѓа табела на одредена група на седишта за во автомобил и соодветната возраст на детето: седиште, кое има карактеристики на две или повеќе старосни групи е компромисно решение, затоа што не е оптимално ергономски обликувано ни за една старосна група. Само правилно обликувано и доволно цврсто седиште му дава на телото добар ослонувач и овозможува добра заштита на главата.
група | тежина | старост |
0 | до 10 кг | 0 до 9 месеци |
0+ | до 13 кг | од 9 до 18 месеци |
I | 9 до 18 кг | 9 месеци до 3 год |
II | 15 до 25 кг | 3 до 6 год |
III | 22 до 36 кг | 6 до 12 год |
Седиштето наменето за дете на возраст од една година мора да има и можност за менување на положбите на наслонот - дигање и спуштање на горниот дел.
Детето може во седиштето да гледа во правец на движењето или во спротивен правец (кај седиштата за најмлади децата гледаат во спротивен правец, а кај седиштата за постари децата се свртени во правецот на движење) – мораме да ги земеме во предвид упатствата на производителот. Кога темето на детето веќе стигнало до горната ивица на седиштето, мораме да го смениме со поголемо. Кога детето е постаро од 3 години, наместо такво седиште за во автомобил можеме да му купиме само седиште, кое овозможува детето да го осигураме со појасот од автомобилот, а за подобар потпирач за главата и грбот можеме да го комбинираме со потпирачот.
На избраното седиште мора да има портокалова лепенка со натпис ECE R 44/03, која е знак дека седиштето е изработено во склад со најновите безбедносни прописи (homologacija). Ако на него се ознаките R 44/01 и R 44/02 значи дека при произведување ги земале во предвид изминатите, поблаги, безбедносни барања. Најголема безбедност обезбедува најновиот ISOFIX систем, кој овозможува седиштето за автомобил да го вградиме на четири места во автомобилот (го вградуваат во новите модели на автомобили). На тој начин оневозможено е неправилно местење или погрешна употреба на седиштето за во автомобил. Во случај на несреќа каросеријата на автомобилот ја ублажува јачината на ударот и со тоа и повредите кои би настанале на главата на детето. Тој систем го развива меѓународната организација за стандардизација со цел, во иднина при производство на нови автомобили да го употребуваат сите производители како единствен систем.
Голем број на автомобили имаат airbag (безбедносно воздушно перниче) пред совозачкото седиште. Во тој случај таму не смееме да го наместиме детското седиште за во автомобил, освен ако ја исклучиме функцијата на воздушното перниче. Дури и кога детето е врзано со појас и седиштето за во автомобил е добро наместено, може јачината на ударот на airbag-от да доведе до тешки физички повреди или дури и до смрт. Некои од новите автомобили се веќе опремени со лепенки кои предупредуваат дека детското седиште за во автомобил не смееме да го наместиме на совозачкото место токму заради воздушното перниче, односно дека треба да го исклучиме.
Најважни безбедносни совети:
- употребувајте седиште за во автомобил кое одговара на тежината и староста на детето!
- пред да го купите седиштето, морате да проверите дали може да се монтира во вашиот автомобил!
- држете се до упатствата на производителот (за местото и начинот на местење на седиштето за автомобил) и погрижете се упатствата секогаш да ви се на дофат на рака!
- секогаш користете безбедносни појаси!
- седиштето за автомобил смеете да го наместите на совозачкото седиште само ако таму нема воздушно перниче или неговата функционалност е исклучена.
Најчести причини за несреќа:
- детето е недоследно и површно врзано,
- седиштето не е добро наместено,
- користење на седиште кое не е наменето за староста на детето,
- користење на застарено седиште за во автомобил,
- седиштето во автомобилот не е правилно наместено, затоа што тоа не е можно (при преместување на седиштето во друг автомобил).
Доколку планирате да купувате користено седиште за во автомобил, морате да внимавате на следниве работи:
- седиштето не смее да биде оштетено (на пр. искршени делови),
- доколку седиштето веќе „преживеало“ несреќа, може на прв поглед да има неприметни оштетувања,
- не смее да биде постаро од 10 години.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Бебе.
Admin
За долниот дел на вашето бебе, дали користите само крем или само пудра или и двете во исто време?