vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Потоа, научниците ги миеле рацете со сапун, а натаму истиот тој сапун во тврда состојба го користел друг човек за миење раце. Откриле дека на таков начин бактериите не биле пренесени на другиот корисник и дека не постои никаква опасност, пишува The New York Times.
“Нивото на бактерии што може да се појават на сапунот, дури и во екстремни услови на употреба, не претставува опасност по здравјето”, истакнуваат научниците.
Овие податоци ги потврдува и истражувањето од 1988 година кое го нарачале самите производители на сапун. Имено, производителите заразиле парчиња од сапун со патогени бактерии, во тој случај со ешерихија коли, а 16 корисници ги измиле своите раце со таквиот сапун. Кај никој од испитаниците не се детектирани траги од бактерии по нивните раце. Заклучокот гласи дека постои само мал ризик во рутинското миење на рацете со претходно користен сапун.
Студиите кои се спроведувани после оваа пронашле присуство на бактерии на сапуните, но ниту во еден случај не е докажано дека сапунот е носител на инфекции. Напротив, неодамнешните студии и натаму тврдат дека сапуните ја победуваат инфекцијата, дури и во тек на епидемија како оние со ебола вирусот.
Се поставува дали сепак течниот сапун е подобар од обичниот?
Уште од осумдесеттите години од минатиот век научниците се занимаваат со различни противречности околу ова прашање. Но клучното прашање и натаму е дали можното присуство на бактерии претставува опасост од инфекции.
Центрите за контрола и превенција на болести сметаат дека миењето на рацете е првата и најважна линија за превенција од инфекции, а сапуните подеднакво се ефективни и течниот и оној во цврста состојба.
5
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Исхрана за заздравување по породување
По породувањето, вниманието природно е насочено кон бебето. Но, и тело...
Што може да го ослаби имунитетот?
Имунитетот е нашиот природен одбранбен систем. Тој постојано работи во...
Како јајниците влијаат на овулацијата и плодноста?
Јајниците се еден од клучните делови на женскиот репродуктивен систем....
Знаци дека телото е дехидрирано после раѓање
По породувањето, телото поминува низ големи промени. Крвавењето, потењ...
Колку често јаде и спие новороденче?
Една од најчестите дилеми кај новите родители се однесува на јадењето ...