Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Здравата исхрана е многу значаен дел од бременоста. Ако вие во бременоста се храните здраво, и вашето дете во стомакот ќе живее здраво. Иако на голем број трудници во тој период вкусот за храна им се менува и често посакуваат некој одреден тип на храна, постојат некои правила за здрава исхрана кои може да ви помогнат. Во текот на бременоста потрошувачката на одредени хранливи состојки во телото се зголемува и затоа е потребно во тој период со храна да ги внесеме што повеќе.
Фолна киселина е многу важна уште на самиот почеток на бременоста. Најдобро е препаратите со фолна киселина да ги земате уште неколку месеци пред забременувањето. Можете да ја земате во облик на таблети кои ги добивате во аптеки, а можете да ја најдете и во темнозелениот зеленчук. Недостаток на фолна киселина може да доведе дури и до пометнување, предвремено одвојување на плацентата и помала тежина на новороденчето.
Во тој период задолжителна е и контрола на железото, затоа што телото троши два пати повеќе отколку обично. Недостаток на железо често е поврзан со неприлагодена тежина во бременоста. Железото кое го добиваме од храната од животинско потекло има предност пред оние од растително потекло. Наспроти тоа е подобро, ако сепак дојде до недостаток на железо, да го надоместиме со таблети, отколку да изедеме два пати повеќе месо.
А како е со вегетаријанството за време на бременоста? Жените кои биле вегетаријанки пред бременоста, мора да се погрижат да добијат доволно состојки кои ќе ги надоместат хранливите состојки кои се наоѓаат во месото. Се препорачува во исхраната да вклучат доволно млечни производи, а за надополнување на витаминот B12 треба да се избере комбинација на тој витамин и фолна киселина. При потполно откажување на храна од животинско потекло (јајца, млеко и млечни производи), жената може да му наштети на развојот на детето, затоа е подобро во бременоста да се откаже од потполно вегетаријанство.
Калциум и витамин D се важни за формирање на коските и за раст на ембрионот. Најдобро е да набавите дополнителен калциум во облик на таблети. Ако дојде до недостаток на калциум во телото за време на бременоста, детето ќе црпи калциум кој инаку би ви припаѓал вам. Како последица на тоа може подоцна да дојде до проблеми со забите и остеопороза. Овошје и зеленчук - пробајте да ги консумирате во најмалку 3 дневни оброци. Одличен се извор на витамините A и C. Витамин C кој се наоѓа во брокулите, зелката, пиперките, компирот, спанаќот, грашокот, доматот, портокалот, дињата, грејпфрутот, му помага на телото при апсорпција на железото од храната. Зелената пиперка, морков, компир и брокули со резервите на витаминот A ќе го припомогнат растот на вашите ќелии и ќелиите на вашето дете.
И на крај - колку храна е потребно на женското тело во бременоста за да не биде ни премногу ни премалку, т.е. да биде доволно за детскиот раст? Докторите препорачуваат количината на храна во првите 3 месеци да биде иста како и пред бременоста. Тогаш на ембрионот за опстанок и развој му е потребна минимална количина на енергија. Во четвртиот месец се препорачува да го зголемите внесувањето на енергија за 200 - 300 кило калории, - kcal. Гладот, кој ќе се појави во тој подоцен период, можете да го задоволите со мали оброци помеѓу главните оброци. Внимание, малите оброци не се пола кеса чипс, тортички или грицкање на чоколада! Заради преголема тежина за време на бременоста може да дојде до превисок притисок, труднички дијабетес и други компликации во бременоста.
забава Бремените
Автор: bobik
Мача во бременоста, безбедна, но со една важна замка
Мача чајот е богат со антиоксиданси и има суперстатус во светот на здр...
Од сувост и чешање, до намалено либидо
Интимното здравје е тема за која многу жени ретко зборуваат, од срам, ...
Мажите што носат трауми, жени што ги носат последиците
Живееме во општество во кое мизогинијата тивко, но упорно се храни со ...
Негативни последици од физичкото казнување на децата
Физичкото казнување на децата сe уште е пракса која се применува во мн...
Ендометриоза, невидливата болка кај многу жени
Ендометриозата е едно од најчестите, но и најмалку разбрани гинеколошк...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?