Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Дали некогаш сте изброиле колку пати во денот детето го поставува прашањето “Зошто”?
Дали знаете толку да броите...?
Децата многу сакаат да цртаат. Ја користат секоја прилика, или подобро, секоја површина за тоа. Како да ги спречите децата да цртаат по ѕидовите? Прво треба да разберете зошто детето сака да црта по ѕидовите. Од една страна затоа што обожава цртање и сака да обои се што ќе му дојде под рака. Од друга страна развојот на телото му овозможува подобар надзор над раката, кога ја има пред себе, отколку кога ја гледа надолу. Ако раката е пред него, координацијата помеѓу раката и очите е многу подобра. Тоа за него значи дека неговите уметнички креации ќе бидат попрецизни и поубави ако се нацртани на ѕид, отколку на хартија која е на маса.
Моторички развој
Тригодишните и четиригодишните деца се многу вешти во движењата. Лесно трчаат, потскокнуваат, одат на прсти, се качуваат по скали со наизменични чекори. При качување по скали сеуште застануваат на секоја скала со двете нозе. Одењето наназад и возење на трицикл се вистински предизвик.
>>
Повеќе
Едно мени за цело семејство
Родителите се одговорни што, кога и како, па и која храна ќе му ја понудат на детето. Децата најмногу сакаат продукти богати со скроб (компир, ориз, тестенини и леб), а помалку месо и зеленчук. Немојте да го принудувате детето да јаде храна која не ја сака, но и немојте премногу да му дозволувате. Менито нека биде исто за цело семејство.
>>
Повеќе
Страв од доктор
Некои деца се плашат од доктори. Веројатно им останало во сеќавање некое непријатно искуство. Можеби тоа не е поврзано лично со докторот, туку со некоја несреќа после која детето морало да посети лекар, или со болест од која се чувствувало лошо.
>>
Повеќе
Потешкотии со спиењето
На тригодишно дете му се потребни 10-12 часа ноќно спиење и понекогаш и двочасовен одмор во текот на денот. Ноќното будење на децата претставува вистински проблем во семејството. Уште полошо е ако детето не сака да заспие навечер. Тоа за родителите е исцрпувачко. Тригодишното дете е во период на учење на своето тело и се прашува дали спиењето му е вистински потребно. Се грижи дека нешто ќе пропушти ако спие. Понекогаш се плаши да заспие и заради грижата дека нема да бидете покрај него кога ќе се разбуди. Сето тоа може да бидат причини заради кои децата не сакаат да одат во кревет.
>>
Повеќе
Да го поттикнеме читањето!
За претшколското дете средбата со книгата е многу важна. Родителите можат да имаат важно влијание на детскиот однос кон книгата. Читањето приказни за добра ноќ нека Ви биде весело. Соживејте се со приказната и направете убава атмосфера. Книгите го шират детскиот фонд на зборови и ја поттикнуваат фантазијата. Читањето на книги е многу важно за успешно учење во иднина. Преку нив децата ги запознаваат буквите, пишаните зборови и техниките на читање. Заради тоа погрижете се детето да има на располагање многу сликовници, книги и детски списанија во текот на денот. Разговарајте со него за прочитаното. Прашајте го за приказната, за илустрациите и допуштете му да ја заврши или повтори приказната. Нека не Ви биде тешко истата приказна да ја читате повторно и повторно, ако детето така сака. Уживајте!
>>
Повеќе
Тато каде си?
Во овој период се зголемува потребата за таткото, кај двата пола. При старост од 3-4 години кај децата почнува да се обликува јасно чувство за машкост. Тогаш односот со таткото станува многу важен, ако не и најважен. Преку идентификување со таткото детето развива и утврдува самодоверба и добро чувство за својот пол. Ако таткото го следи синот во развојот и притоа го поттикнува , детето се чувствува сакано од страна на личноста која ја имитира во се.
>>
Повеќе
За деца помали од три години еден час дневно гледање на телевизија, влијае на учењето.Ако гледањето телевизија се зголеми на три часа дневно, влијанието е големо и секако негативно.За повеќето семејства телевизијата е дел од секојдневието и тешко е децата да се држат подалеку, односно да се спречат да гледаат.Сепак, до третата година од животот, трудете се да го занимавате со нешто друго, бидејќи од гледање телевизија нема никаква корист.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Make a step: Линија за проодување
Daumling знае дека детските стапала не се само мали верзии на стапалат...
Избор на вистинските чевли за првите чекори
Првите детски обувки се многу важни за правилниот развој на стапалата ...
Daumling детски чевли со Terra-Care кожа
Германскиот специјалист за производство на детски чевли Daumling отсек...
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
Симптоми на породување.
пеперутка16
Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?