Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Едно мени за цело семејство
Родителите се одговорни што, кога и како, па и која храна ќе му ја понудат на детето. Децата најмногу сакаат продукти богати со скроб (компир, ориз, тестенини и леб), а помалку месо и зеленчук. Немојте да го принудувате детето да јаде храна која не ја сака, но и немојте премногу да му дозволувате. Менито нека биде исто за цело семејство.
Во овој период детето е спремно да пробува нови работи. Понудете му нови продукти и притоа поттикнете го. Попребирливи се децата кои имале премалку можности за вкусување на различна храна, или нивните родители ги хранеле сосила. Дајте му на детето прилика да учи. Не грижете се ако ја остави храната во чинијата. Детето треба да престане да јаде кога е сито и повторно да јаде кога е гладно. Храната на детето треба да му нуди задоволство, пријатно чувство и сигурност, но исто така е нужна за негов раст и развој. Семејните оброци без кавги и лошо расположение се ритуали кои на детето многу му значат и му даваат одлична можност за учење на здравите навики на хранење.
Убаво однесување на маса
Восприемањето на правилата на убаво однесување на маса, е долготраен проект и вложување во иднината. Фала, молам, пријатно јадење, се зборови кои детето ќе ги прифати ако Вие ги користите. За време на семејниот оброк се седи пристојно на масата. Научете го да не зборува со полна уста и да не игра со храната. Стојте цврсто на ставот дека храната се јаде со прибор, а не со раце. За неговиот труд и убаво однесување пофалете го, бидејќи пофалбите во овој период се многу важни. Ако неговото однесување е неадекватно и не престанува и покрај мирното предупредување, нека оди на неколку минути во својата соба. Детето треба да научи дека семејниот оброк е пријатен настан. Со сила, викање и стално приговарање не си помагате ни себе, ниту пак на детето. Треба да поставите јасни граници и да ја контролирате ситуацијата. Пред се, никогаш немојте да го фалите дете ако изело се. Детето треба да јаде ако е гладно, а не за да ве задоволи Вас, или можеби за да добие колаче.
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Добро е да се знае
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 2 години
Следен период: Возраст 4 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Дали обилните менструации се знак за плодност?
Многу жени веруваат дека обилната менструација е показател за добра пл...
Кога на жените им се потребни лекови за плодност?
Лековите за плодност можат да им помогнат на одредени жени кои имаат п...
Гадење и повраќање за време на бременоста
Гадењето и повраќањето се меѓу најчестите симптоми во раната бременост...
Овулација и бременост: Дали е доволен само еден ден?
Многу парови веруваат дека најдобро е да имаат сексуален однос само на...
Брзи вечери со брокула за зафатени денови
Кога денот е исполнет со обврски, подготовката на вечера не мора да би...