|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Си играме

Да го поттикнеме читањето!
За претшколското дете средбата со книгата е многу важна. Родителите можат да имаат важно влијание на детскиот однос кон книгата. Читањето приказни за добра ноќ нека Ви биде весело. Соживејте се со приказната и направете убава атмосфера. Книгите го шират детскиот фонд на зборови и ја поттикнуваат фантазијата. Читањето на книги е многу важно за успешно учење во иднина. Преку нив децата ги запознаваат буквите, пишаните зборови и техниките на читање. Заради тоа погрижете се детето да има на располагање многу сликовници, книги и детски списанија во текот на денот. Разговарајте со него за прочитаното. Прашајте го за приказната, за илустрациите и допуштете му да ја заврши или повтори приказната. Нека не Ви биде тешко истата приказна да ја читате повторно и повторно, ако детето така сака. Уживајте!

Одиме на игралиште

Дел од денот можете да поминете на игралиште. Но пазете направите за играње да бидат сигурни. На игралиштата треба да се почитуваат одредени правила. Возрасен човек треба да внимава на детето. Внимавајте Вашето дете да не повреди некое друго дете на игралиштето.

Обрнете внимание и на подлогата во игралиштето. Ако детето се искачува и постои можност да падне, поозбилно ќе се повреди на асфалтна подлога, отколку на трева. Заради тоа на детето помогнете му да избере справа под која има мека подлога.

Средување на играчките, како дел од играта

Вообичаено однесување на тригодишно дете во тек на игра е расфрлање на играчките, затоа што секоја играчка ја погледнува и ја заменува со друга. За да почне играта треба помош од возрасна личност или постаро дете. Ваквото однесување покажува дека детето има потреба за игра, но не знае точно како да си игра и што да прави со играчките. Заради возбудување неможе да се концентрира и интересот за игра се губи, пред да почне да игра.

Малите деца немаат потреба за ред меѓу играчките затоа што не разликуваат ред и неред. Ако сакате детето да научи што е ред, треба да му дозволите да направи неред. Тие не знаат да ги наредат играчките како возрасните бидејќи не разбираат што сакате од нив. Тоа го сфаќаат по четвртата година.

Средувањето на играчките нека биде низ игра “Да ги собереме играчките во кутијата” Помогнете му на детето да воспостави ред меѓу играчките. Тригодишните деца многу добро соработуваат, освен ако не се поспани или гладни. Нека средувањето на играчките стане ритуал пред спиење. За воспоставување на ред потребна е доследност од страна на родителот.

Премногу играчки?

Играчките се собираат од година во година и одеднаш се премногу. Кога одделувате играчки за да ги фрлите, или дадете некому, детето може да Ве спречи. Иако играчката е расипана, или не ја погледнало цела година, ќе се обиде да Ве увери да ја оставите. Тоа ќе го направи секој пат кога нешто ќе земете в раце.

Светот на тригодишното дете, во споредба со Вашиот е многу мал. Голем дел од тој свет заземаат играчките. Заради тоа детето е поврзано со нив, иако долго не играло со играчката која сакате да ја фрлите. Некои се дури толку врзани за играчките што мислат дека после играчките и нив ќе ги отфрлите. Објаснете му на детето дека нема да направите ништо лошо, туку сакате да направите место за новите играчки кои за скоро ќе му ги купите. Тоа ќе го забрза процесот на логичко заклучување. Исто така, запознајте го детето со опасноста од скршените играчки, затоа што на тој начин полесно ќе се одвои од нив.

Детето и спортот

Овој период е најпогоден за првите чекори на детето во спортот. Тригодишните деца во основа се многу самостојни и родителите можат да ги вклучат во спортско-рекреативни активности. Детскиот физички, ментален и социјален развој му овозможува да ги разбере и спроведе задачите, по упатство на педагог или тренер. Една од најважните активности е активното вежбање, или помодерно “азбука на движењето”. Тоа поврзува група на активности која е насочена кон ширината, а не длабочината на спортовите.

Основната цел на таквата програма е детето на секој час да ги запознава и надградува природните облици на движење, елементарни игри, азбука на гимнастиката и танцовите чекори.

За тригодишните деца е важно освен родителот за нив да се грижи и спортски педагог. Тој го познава вистинскиот методички и дидактички пристап, затоа ќе знае да воспостави рамнотежа меѓу времето за вежбање и одмор. На родителите им се препорачува да уживаат со детето во едноставните спортски активности како што се прошетки во природа, посета на детски игралишта, игра на снег во зима, санкање и зимски игри, а во лето играње во вода. За се останато ќе има време и понатаму бидејќи сега е најважно детето да добие позитивен однос кон спортот и физичката активност воопшто.

Прочитајте уште

Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?