Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Ку–ку !
Во осмиот месец од животот, на детето му требаат и други продукти освен млекото. Секако, при воведување на други продукти, продолжуваме со доење, или хранење со шишенце. Препорачливо е новите состојки да се воведуваат во мали количини. Во исхраната воведуваме само една нова состојка дневно, или ја додаваме кон веќе испробаната состојка, на секои 3-4 дена, за да знаеме од што е можната алергиска реакција. Во првата година треба да се ограничи употребата на сол и шеќер.
Алергијата на храна може да се манифестира како реакција на органите за варење (повраќање, пролив, омалаксаност), промени на кожата (осип), а многу ретко потешкотии во дишењето (течење на носот и тешко дишење).
Во осмиот месец растот се успорува и доенчето добива приближно 110 гр. неделно и околу 1,5 cm. месечно.
Што знае и што може доенчето?
Повеќето бебиња сега веќе се вртат во двата правци, некои од лежечка состојба веќе можат и да седнат. Доенчето е способно да седи само подолго време, и притоа се поместува во сите правци за да ги дофати играчките. Седењето му го овозможува комбинацијата од сила, рамнотежа и координација на движењата. Во овој период интензивно почнува да се развива рамнотежата, што на доенчето му овозможува да седи и лази, а подоцна, со подобрување на рамнотежата дури и самостојно да стане, а подоцна и да прооди. При лазење во почеток се најважни рацете, затоа што се појаки и подобро развиени, а детето ги користи за маневрирање по просторот.
>>
Повеќе
Млечен оброк
Во осмиот месец на доенчето му се потребни два млечни оброци дневно, покрај мешаната исхрана. Ако негова главна храна е сеуште млекото, потребни му се 5-6 оброци. Повеќето доенчиња ноќе спијат 6 часа без прекин, а некои сеуште се будат 1-2 пати за хранење.
>>
Повеќе
Алергија на храна
Под поимот алергија на храна мислиме на сите алергиски реакции кои ги предизвикуваат алергените во храната. Најчести продукти кои предизвикуваат алергии кај децата се кравјо млеко и соја (децата кои се алергични на кравјо млеко, обично се алергични и на соја), јајца, кикиритки, ореви, лешници, јаготки, чоколада, риби и останати морски плодови.
>>
Повеќе
Седуммесечно доенче ноќе спие околу 10 часа и потребни му се отприлика уште две двочасовни дремки во текот на денот. Повеќето доенчиња спијат и по шест часа без прекин.
>>
Повеќе
Време поминато со доенчето
Доенчето е воодушевено од играта со мижење (ку-ку) затоа што во тој период почнува да сфаќа дека луѓето постојат и кога не ги гледа.
>>
Повеќе
При судар на возило, кое се движи со брзина од 50 km/h, тежината на потисок се зголемува за 30 пати. Тоа значи дека мајка која има 50 kg. и која не врзана со сигурносен појас држи дете во прегратка на предното седиште, при судар го притиска детето со тежина приближна на еден и пол тон.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како да знаете дека навистина овулирате?
Овулацијата е клучен дел од менструалниот циклус и игра важна улога во...
Најчести здравствени проблеми во бременоста
Бременоста е природен, но комплексен период во кој телото минува низ б...
Што да очекувате во првите 24-72 часа по породување?
Првите денови по породувањето се период на големи промени, телото се о...
Прва помош при повреда на глава
Повредите на главата може да изгледаат безопасно на прв поглед, но пон...
Мајчинство на повеќе деца: хаос, љубов и магија
Да се стане мајка е голема животна промена, но кога семејството расте ...