|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Развојни фази

Што знае и што може доенчето?
Повеќето бебиња сега веќе се вртат во двата правци, некои од лежечка состојба веќе можат и да седнат. Доенчето е способно да седи само подолго време, и притоа се поместува во сите правци за да ги дофати играчките. Седењето му го овозможува комбинацијата од сила, рамнотежа и координација на движењата. Во овој период интензивно почнува да се развива рамнотежата, што на доенчето му овозможува да седи и лази, а подоцна, со подобрување на рамнотежата дури и самостојно да стане, а подоцна и да прооди. При лазење во почеток се најважни рацете, затоа што се појаки и подобро развиени, а детето ги користи за маневрирање по просторот.

Ако до скоро доенчето, при допир со нозете на тло, потскокнуваше ритмички, грчејќи ги истовремено двете колена, сега можете да видите како “игра” пренесувајќи ја тежината од едната на другата нога. Секако, неговите нозе сеуште не можат да ја носат неговата тежина, заради тоа Вашата помош му е потребна и понатаму. Доенчето има се подобра контрола на своите прсти, па фаќањето на играчките и играњето со нив е полесно. Играчките ги префрла од рака во рака, намерно удира со нив и ги тресе за да предизвика звук, а на крајот секоја играчка завршува во уста.

Истражување и учење на нови вештини

Заедно со Вашето дете уживајте во играта “Ди-коњче” – ставете го детето на Вашето колено и играјте си како да сте вие коњче и притоа пејте му песничка. Детето ќе ви покаже дали сака побрз или побавен ритам.

Направете сигурна средина за истражување и воспоставување на нови вештини, како што се седење, тркалање, лазење. Доволно е да имате голем прекривач, кој може да го постелите на подот или на тревата. За да го поттикнете бебето на движење, оставете му играчка малку подалеку од неговата рака.

Мал радозналко

Детето со љубопитност ги набљудува случувањата околу него, внимателно слуша звуци, а посебно гласови и со поглед го следи движењето на луѓето и животните. Предметот кој му е близу многу вешто може да го дофати, а понекогаш ги користи и нозете за тоа. Го посматра предметот додека го држи, го тресе и префрла од рака во рака. Сеуште го става во уста. Се почесто фрла играчки и други предмети на подот, не за да Ве разлути, туку затоа што така се учи. Сега веќе разбира дека предметот е тука, иако моментално неможе да го види.

Интензивно искажување на чувствата

Почнува периодот на интензивно искажување на чувствата – гушкање и галење. Доенчето со движења, глас и фацијална мимика ќе Ви ја покаже својата радост, интерес, но и страв, лутина или срамежливост. Најсилен израз на задоволство и среќа, сигурно е гласната детска насмевка, понекогаш попратена со врискање.

Односот на доенчето кон блиските се продлабочува. Силната поврзаност може да предизвика и страв од одвојување. Детето поинаку се однесува кога е со познати и непознати луѓе. Тогаш може да покаже нелагодност и страв. Детето кое се чувствува сигурно со своите родители, во такви ситуации ќе бара помош од нив и ќе ги следи нивните реакции (ако родителите реагираат со страв и загриженост, веројатно и детето ќе се уплаши и ќе заплаче) . Бебето ги учи Вашите реакции со проучување на Вашите фацијални мимики и гласот и така ги разбира основните чувства, радост, страв и лутина. Преку искуствата, стекнати на овој начин, детето ќе ги обликува своите реакции, кои ќе ги употребува целиот живот.

Развој на говор

Доенчето од седум месеци внимателно го слуша говорот на возрасните и веќе е способно да имитира поедноставни звуци од околината. Ги повторува гласовите кои ги слуша (на мајчин јазик). Брборењето се повеќе личи на вистински говор, затоа што сега имитира и интонација. Почнува да ги имитира и гестикулациите кои ги учи од родителите.

Ако на доенчето му посветите повеќе внимание и разговарате со него, сега веќе ги разбира зборовите кои често ги употребувате. Покрај своето име, обично ги препознава и имињата на членовите од семејството (мама, тато) и зборови кои се попратени со гестикулации (нпр “па-па”)

Прочитајте уште

Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме



Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?