namesp во 10:12

ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.
Развој на детето: Здравје и нега
Алергија на храна
Под поимот алергија на храна мислиме на сите алергиски реакции кои ги предизвикуваат алергените во храната. Најчести продукти кои предизвикуваат алергии кај децата се кравјо млеко и соја (децата кои се алергични на кравјо млеко, обично се алергични и на соја), јајца, кикиритки, ореви, лешници, јаготки, чоколада, риби и останати морски плодови.
Алергијата на храна може да предизвика реакција на органите на варење (пролив, повраќање, омалаксаност), промени на кожата (осип), а многу ретко и тешкотии во дишењето (течење нос, отежнато дишење) Ретки, но и можни се најтешките облици на алергија кои се манифестираат како анафилактичен шок и тие можат да бидат опасни по животот на детето.
Ако новите продукти ги воведувате во исхраната на детето на растојание од три дена, веројатно брзо ќе откриете кои продукти предизвикуваат потешкотии кај Вашето дете. Таквите продукти во иднина ќе ги избегнувате и со тоа ќе ги спречите можните проблеми.
Алергиите почесто се јавуваат кај деца чии родители се исто така алергични. Доените деца поретко заболуваат од алергии од другите деца кои се хранети со млечни формули за спречување на појава на алергии важно е детето да почнете да го прихранувате по петтиот или најдобро по шестиот месец.
Здраво запчиња!
На некои доенчиња никнувањето на запчињата им предизвикува јака болка, додека други ни малку не ги боли. Обично најбурно реагираат на првото запче. Можеби подоцна се навикнуваат на болката. Се чини дека никнувањето на катниците ги боли повеќе од никнувањето на останатите заби, затоа што се најголеми. За среќа првите катници никнуваат по првиот роденден. Тоа е многу напорен период за мајката и доенчето. Бидете внимателни ако детето не јадело неколку оброци по ред, ако не пие или јаде премалку неколку дена. Во тој случај посоветувајте се со неговиот педијатар.
Нега на млечните заби
Иако млечните заби ќе паднат по неколку години, тоа не значи дека не треба да ги негуваме. Запчињата ги чистиме со нежна крпа или газичка, веднаш по никнувањето. Запчињата немојте да ги миете на сила, затоа што детето може да развие отпор. Миењето нека биде низ игра, детето прво само нека се обиде, а родителите нека го завршат миењето.
Со примерена и здрава исхрана, хигиената на усната до 3. година е наменета за запознавање и вовед во она што треба да му биде секојдневна рутина на детето. Децата треба што побрзо да почнат да пијат од чаша и никако не им давајте зашеќерени напитоци, особено не навечер.
Прочитајте уште
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Во овој период
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Претходен период: Возраст 6 месеци
Следен период: Возраст 8 месеци
Слични артикли:
-
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetuscepumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selviПродвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVKПривет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabotaБизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja-
забава Бремените
Автор: bobik Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Анкета
piko
Glasajte za najubavo zensko ime
Lana (23%)

Hani (1%)

Dajana (6%)

Dina (17%)

Katja (17%)

Jana (36%)

Број на сите гласови: 145
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!