Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Вашето доенче почнува весело да се движи низ просторот и време е за играчки кои може да ги турка пред себе, или да ги влече зад себе (топки, валјаци, играчки со колца...). Сепак најинтересни му се предметите кои ги наоѓа додека лази и истражува. Внимавајте да ги отстраните сите опасни предмети, затворете ги вратите и заштитете ги скалилата. Посебно внимавајте на отворањето фиоки, за детето да не ги потфати прстите.
Со заедничко читање обидете се да му ги приближите книгите. За овој период примерени се сликовници со дебели картонски корици и листови, а посебно ќе му го привлечат вниманието сликовниците кои имаат сокриени слики, затоа што отворањето ќе ја разбуди неговата љубопитност. Изберете сликовници кои имаат јасни, шарени слики на кои ќе бидат работи кои детето ги виделo и кои му се интересни. Зборувајте му за луѓето од книгите, ќе ве слуша со голем интерес.
Во десеттиот месец доенчето добива приближно 110 гр. неделно и расте околу 1,5 cm. месечно.
Први чекори
Во деветтиот месец доенчето веќе не е задоволно ни во седечка, ни во лежечка состојба. Се труди да се држи на нозе и се придржува на се што му е на располагање. Тоа може да биде намештај, постар брат или сестра, па дури и куче (ако не успее да му побегне) Во овој период детето може со потпирање да го направи и првиот чекор. Повеќето деца на овој, или сличен начин се движат низ просторот. Ако доенчето лази, може да Ве изненади со својата брзина. Повеќето стануваат на нозе, но имаат проблем при седнување. Повеќето не знаат да седнат самостојно, затоа очекувајте чести повици на помош.
>>
Повеќе
Воведете редовна исхрана
При старост од девет месеци потребно е покрај мешаната исхрана да продолжите со доење, односно хранење со шишенце. На доенчето му се потребни барем уште два млечни оброци (мајчино или адаптирано млеко), 250 мл. дневно.
>>
Повеќе
Систематски преглед
Со наполнети девет месеци, вашето дете повторно ќе биде повикано на систематски преглед. Одбраниот педијатар ќе го прегледа детето, ќе го оцени неговиот развој, по потреба ќе Ве советува и ќе одговори на вашите прашања. Во овој месец детето ќе прими ревакцина за туберкулоза, ако педијатарот утврдил дека вакцината е неуспешна.
>>
Повеќе
Доенчето спие околу 10-12 часа ноќе и потребни му се 2 дремки, по 1-2 часа, во текот на денот.
>>
Повеќе
Враќање на работа
Породилното отсуство полека се ближи кон крајот и се поблиску е денот кога ќе морате да се вратите на работа. Само ретки семејства можат да си дозволат мајката да остане дома и да се грижи за семејството. Многу жени сакаат да се вратат на работа, затоа што ја сакаат својата работа и друштвото на работното место.
>>
Повеќе
Игри на доенчето
Доенчето ги имитира родителите и на тој начин се обидува да комуницира. Ужива во игрите како што се мижење и со задоволство ги имитира родителите (кашлање, плескање со раце...) Можете да го насмеете со нежно скокоткање, дување во стомачето, игрите буба-буба и мижење. Вашите родители (дедото и бабата на доенчето) нека Ви ја освежат меморијата за игрите кои сте ги играле. Сега можете да ги пренесете на следната генерација. Верувајте дека брзо ќе се присетите на песничките и игрите кои сте ги заборавиле.
>>
Повеќе
Децата почнуваат да сонуваат многу рано, всушност сонуваат уште во материцата по седмиот месец од бременоста. Кај децата фазата на активно спиење (фаза кога спиеме плитко и сонуваме)зазема поголем дел од спиењето, отколку кај возрасните. Тој начин на спиење е многу значаен за брз развој на мозокот, бидејќи доенчето во таа фаза на спиење преработува и усвојува се што научило додека било будно.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Што е страв од непознати лица кај бебињата?
Одеднаш твоето насмеано бебе почнува да плаче кога ќе му се доближи не...
Што се смета за нормален срцев ритам на фетусот?
Срцето на вашето бебе започнува да чука рано во бременоста и неговиот ...
Што е „трудничка магла“ и дали навистина постои?
Дали некогаш си влегла во соба и заборавила зошто си таму? Или си го о...
Педикирот не е само естетска навика, туку и важен дел од хигиената и з...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?