Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Игри на доенчето
Доенчето ги имитира родителите и на тој начин се обидува да комуницира. Ужива во игрите како што се мижење и со задоволство ги имитира родителите (кашлање, плескање со раце...) Можете да го насмеете со нежно скокоткање, дување во стомачето, игрите буба-буба и мижење. Вашите родители (дедото и бабата на доенчето) нека Ви ја освежат меморијата за игрите кои сте ги играле. Сега можете да ги пренесете на следната генерација. Верувајте дека брзо ќе се присетите на песничките и игрите кои сте ги заборавиле.
Додека си играте бидете насмеани и добро расположени, затоа што детето преку вашите гестикулации Ви го препознава расположението.
Доенчето сега веќе разбира дека предметот постои, иако не го гледа. Тоа му помага да ја пронајде делумно или целосно сокриената играчка.
Намерно удира предмет од предмет, или го фрла на тлото, затоа што обожава бучни игри, а сака и да открие на кој начин може да ги игра со играчката. Обрнува внимание на ситните предмети и сака да ги собира од подот.
Прикладни играчки
Сега кога Вашето доенче се движи низ просторот, време е за играчки кои може да ги турка пред себе, или да ги трга (топки, играчки со колца...) Воопштено, најинтересни му се предметите кои може да ги најде при истражување и лазење, па заради тоа отстранете ги потенцијално опасните предмети.
Примерени се и едноставни музички инструменти, како тапан, ксилофон и различни ѕвечки. Можите и сами да направите тропалка од чаша за јогурт која ќе ја наполните со ориз, пченка или мали камчиња...Внимавајте да не се оштетат бидејќи таквите зрна претставуваат потенцијална опасност од гушење.
Сите играчки мораат да бидат сигурни, без ситни делчиња кои детето може да ги извади, без остри рабови и направени од безбедни материјали.
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Претходен период: Возраст 8 месеци
Следен период: Возраст 10 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се облекувате удобно, а сепак стилски?
Удобноста и стилот не мора да бидат спротивставени поими....
Благи грчеви за време на бременоста
Благите грчеви се честа појава во текот на бременоста и најчесто се по...
Ормарче за пресоблекување/превивање не бебето
Ормарчето за пресоблекување и превивање не е само парче мебел, туку фу...
Првите чекори на вашето бебе и безбедноста дома
Првите чекори на бебето се магичен момент, но и почеток на нова фаза п...
Подгответе се за вистински мал брбливец
Од првото гугање до бескрајните прашања „зошто?“. Некои деца покажуваа...