namesp во 10:12

ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.
Развој на детето: Здравје и нега
Систематски преглед
Со наполнети девет месеци, вашето дете повторно ќе биде повикано на систематски преглед. Одбраниот педијатар ќе го прегледа детето, ќе го оцени неговиот развој, по потреба ќе Ве советува и ќе одговори на вашите прашања. Во овој месец детето ќе прими ревакцина за туберкулоза, ако педијатарот утврдил дека вакцината е неуспешна.
Целта на систематскиот преглед е следење на растот и развојот, утврдување на физичкото и психичкото здравје со цел што порано да се откријат можни болести и потешкотии. На тој начин може порано да се делува, лечи или рехабилитира. Со прегледите исто така може да се откријат неповолни социјални фактори и негативни навики во семејството, или околината каде живее детето. Во претшколската возраст прегледите се вршат на 1,3,6,9,12 и 18 месеци старост, а после тоа во 2-та и 4-та година.
Пеленски осип
Под поимот пеленски осип подразбираме воспаление на кожата на детското газе. Можеби газете се воспалило затоа што бебето предолго било во валкана пелена. Од урината и столицата се излачува амонијак кој ја иритира кожата. Понекога осипот е последица на алергија на средствата за перење и омекнувачите, друга причина се гливички. Во двата случаи кожата е црвена и воспалена.
Лечење: На детето почесто менувајте му пелена и газето секогаш намачкајте му го со заштитен крем. Кога е можно, оставете го доенчето без пелена, да се “проветри” Ако причина за воспалението се гливички (во тој случај обично се појавува и сор во устата) тогаш лекарот ќе ви препише посебен крем против гливички (антимикотик).
Акутно воспаление на средното уво
Воспаление на увото предизвикуваат вируси и бактерии. Болката настанува кога ќе се воспали и отече Еустахиевата цевка. Заради тоа во средното уво почнува да се собира течност, која ја притиска ушната мембрана. Ако причинителот е бактерија, во средното уво почнува да се собира и гној. Воспалението на ушите, кај доенчиња и мали деца често е последица на настинка, затоа што секретот од носот се собира во Еустахиевата цевка. Воспалението го следи висока температура (не секогаш), детето лошо се чувствува и одбива да јаде. Воспалението се смирува по неколку денови. Обавезно посетете доктор. Бактериското воспаление се лечи со антибиотик.
ЗАБИ
Посета на заболекар
Помеѓу 6. и 12. месец, кога на детето ќе му израснат првите заби, можете да посетите заболекар кој ќе Ве советува во врска со правилната исхрана и хигиена и ќе Ве предупреди на што да внимавате. Информирајте се каде има во близина адекватно оспособен заболекар, па закажете преглед на кој ќе се посоветувате со него.
Грижа за млечните заби
Иако после неколку години млечните заби ќе паднат, тоа не значи дека не треба да ги негуваме. До 3. година прва грижа е правилната исхрана. Со рамномерна и правилна исхрана оброците треба да бидат редовни без меѓу оброци и слатки напитоци. За гаснење на жедта на детето може да му понудите овошје или незашеќерени напитоци, вода или чај. Внимавајте, водата со вкус, која ја купувате во маркетите не е само вода туку сладок напиток. Инстант чаевите, во гранули, кои ги мешате со вода, исто така содржат шеќер. Ако детето користи шишенце и константно пие од него, наполнете го со вода, а не со сок или млеко, па обидете се да го одвикнете од оваа навика. Најштетно е детето да заспива со шишенце во устата. Освен тоа што може да се засркне, слатката течност полека тече низ цуцлата, завршува во детската уста, се разградува во киселина и предизвикува кариес во раното детство.
Хигиена на устата шуплина
Со примерена и здрава исхрана, хигиената на усната шуплина до 3. година е наменета за воведување и запознавање на детето, како подоцна би се претворила во секојдневна рутина.
Забите почнуваме да ги чистиме веднаш по никнувањето. На почетокот можеме да користите мека крпа или газа која ќе ја потопиме во вода и ќе ја намотаме околу прстот, или можеме да користите специјален гумен напрсток. Покасно, кога на детето ќе му пораснат првите катници, почнуваме да користиме четка за заби. При изборот на четка за заби погледнете го упатството на производителот, или посоветувајте се со стоматолог. Забите немојте да ги миете со сила, затоа што може да се развие отпор кај детето. Миењето нека биде низ игра, така што детето ќе започне, а родителот ќе доврши. Не е потребно да користите паста за заби, додека детето не научи да ја исплукува плунката. Децата тоа обично ќе го научат до 3.година. Со правилна исхрана доволни се четка за заби и вода. Ако сакате порано да користите паста за заби, набавете паста за заби без флуор. И подоцна користете пасти, специјални за деца, затоа што пастите за возрасни содржат флуор кој може да им наштети на децата. Дури по наполнети 11 години, децата смеат да користат пасти за возрасни.
Ако сеуште доите, немојте да престанувате заради никнувањето на забите. Ако детето ве гризне, треба да знаете дека тоа не го прави намерно. Прекинете со подојот и речете му одлучно НЕ на детето. Доенчето од тој тон ќе сфати дека тоа што го направило не е добро.
Прочитајте уште
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Во овој период
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Претходен период: Возраст 8 месеци
Следен период: Возраст 10 месеци
Слични артикли:
-
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetuscepumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selviПродвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVKПривет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabotaБизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja-
забава Бремените
Автор: bobik Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Анкета
Jana9
Dali milenicinjata se vo red da gi cuvame vo soba?
Da (100%)

Ne (0%)

Број на сите гласови: 1
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!