|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Развојни фази

Први чекори
Во деветтиот месец доенчето веќе не е задоволно ни во седечка, ни во лежечка состојба. Се труди да се држи на нозе и се придржува на се што му е на располагање. Тоа може да биде намештај, постар брат или сестра, па дури и куче (ако не успее да му побегне) Во овој период детето може со потпирање да го направи и првиот чекор. Повеќето деца на овој, или сличен начин се движат низ просторот. Ако доенчето лази, може да Ве изненади со својата брзина. Повеќето стануваат на нозе, но имаат проблем при седнување. Повеќето не знаат да седнат самостојно, затоа очекувајте чести повици на помош.

Ако имате можност, обидете се на доенчето да му обезбедите што поголем и сигурен простор за лазење, или подигнување со потпора. Отстранете ги сите потенцијални опасности, или драгоцени предмети, заштитете ги штекерите, затворете ги вратите, не употребувајте чаршави за маса и заштитете ги скалилата. Ако времето е убаво, а имате двор, тревата е убав и сигурен простор за лазење. Секако, во Ваше присуство.

Фаќање како со пинцета

Фаќањето со палецот и показалецот на доенчето му овозможува да ги фаќа и најмалите предмети. И покрај чистотата во домот, тоа секогаш ќе најде некое интересно ѓубре на подот. Сеуште го радува бучавата која ја произведува со удирање на предмет од предмет, или со фрлање на предметите на под. На саканиот предмет покажува со показалецот.

Имитирање

Детето сака да ги имитира родителите. Со имитирањето учи, а истовремено се обидува и да комуницира. Ужива во дружбата со родителите и друштвените игри, како што е криење-мижење. Сака да ги имитира родителите додека кашлаат, плескаат со рацете. Доенче од девет месеци го разбира значењето на зборот НЕ, ги препознава имињата на родителите (мама, тато) и знае да мавне со раката ПА-ПА.

При хранење се обидува да ја земе или држи лажицата, додека пие од шишенце, се обидува да го држи со двете раце. Исто така се обидува да ја држи и чашата од која пие.

Доживување на околината

Движењето на луѓето и животните, како и различните звуци, ќе го привлечат вниманието на доенчето. Со љубопитност набљудува се што се случува околу него и со вртење на главата ги следи движењата. Ќе Ве погледне ако го викнете по име и ќе престане со моменталните активности. При доаѓање на нему најблиските луѓе (враќање на таткото од работа, посета на бабата, или приоѓањето на домашната мачка или куче), радоста ја покажува со врискање, насмевка или брборење. Тогаш често станува вознемирено, мавта со рачињата, или ги крева рацете горе како знак дека сака да го кренете.

Интензивни чувства

Околу деветтиот месец доенчето почнува поинтензивно да ги покажува своите чувства. Ужива во гушкање и галење, му годи вниманието од најблиските, а радоста ја покажува со гласна насмевка и врискање. Поинтензивно ги искажува и негативните чувства, како што се лутина, вознемиреност и страв.

Детето почнува да се осамостојува, затоа што станува свесно за своите способности и затоа почнува да и се спротивставува на Вашата помош. Сеуште не успева да направи се што сака и често заради тоа ќе се лути.

Во близина на непознати лица покажува нелагодност и страв. Исто така многу деца покажуваат и страв од одвојување. Ја сакаат близината на родителите, а кога тие не се до нив чувствуваат страв и плачат. Обидете се да го намалите стравот од непознатите така што ќе ги предупредите луѓето, кои детето не ги познава, да му приоѓаат пополека и да не се обидуваат да го допрат доенчето. Притоа обично помага Вашето присуство, а исто така се важни и Вашите реакции на луѓето кои приоѓаат. Никогаш немојте да го присилувате бебето на прегратка со личност од која се плаши. Детето кое се чувствува сигурно во присуство на родителите во нови ситуации ќе се потпре на нивната помош и ќе се огледа на нив (ако родителите делуваат загрижено и реагираат со страв и доенчето ќе се уплаши и ќе заплаче).

Разбирање на говорот

Деветмесечно бебе разбира поединечни зборови, го препознава своето име, ги препознава имињата на членовите на семејството (мама, тато) го разбира значењето на зборовите НЕ и ПА-ПА. Многу луѓе го потценуваат детското разбирање на говорот, затоа што развојот на говор го проценуваат преку изговорените зборови.

Детето се обидува да привлече внимание преку брборење и врискање, а некои доенчиња се способни да кажат мама и тато, кога ги викаат родителите.

Заради тоа што детскиот говор зависи од вниманието кое му го посветувате и од разговорот со него, настојувајте да поминувате што поквалитетно време со него. Читајте му и пејте му песнички. Многу е важно да одговорите на неговото довикување.

Прочитајте уште

Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме



Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?